Home

Способноста на организацијата да учи и брзо да го претвори
наученото во акција, е најголемата конкурентска предност.

- Jack Welch
НАСЛОВНА ЗА НАС МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ T&П АКАДЕМИЈА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА ИТ УПРАВУВАЊЕ ПРОЕКТИ НОВОСТИ

» Преглед на Т&П

» T&П LinkedIn

» Клучни консултанти

» IQISMS

» ЕУ финансирани проекти

» E-библиотека

» Фотогалерија


     Менаџмент академија
     ПРОФИЛ


Мисија на нашата Менаџмент академија

Успехот на организациите зависи од успешноста на луѓето кои работат во нив. Како Менаџмент Академија, нашата мисија е да обезбедиме високо квалитетен развој на капацитетот на организациите кои својот пораст го гледаат преку професионалниот развој на нивните луѓе.

Услуги

Менаџмент Академијата е дел од Трајковски & Партнери Консалтинг кој е посветен на менаџментот и потребите за професионален развој на:

  • Менаџери и професионалци од Секторот за мали и средни претпријатија и Јавниот сектор
  • Менаџмент консултантите
  • ИТ менаџерите и професионалците
  • Проектни менаџери, професионалци, асистенти и вработени во интернационални организации за развој

Менаџмент Академијата на Т&П нуди 4 вида на обуки:

Како дел од нашата Менаџмент академија, во 2015, ја формиравме е-Академијата која покрива различни области на онлајн обуки.

Нашата Менаџмент Академија е посветена на обезбедување на најдобри можности за професионален развој на човековиот капитал на организациите, со што на истите им се овозможува да бидат конкурентни на динамичниот пазар. Ние ги дизајнираме нашите програми врз основа на препораките од ISO 10015 стандардот, кои ја анализираат организациската успешност и идентификуваат можности за нејзино подобрување преку зајакнување на вработените.

Нашите обуки опфаќаат различни теми, како што е преставено на сликата, но оваа листа не е конечна со оглед на тоа што го креираме тренингот заснован на вашите потреби и имајќи ја во предвид бескрајната листа на наслови и поднаслови кои и овозможуваат на вашата организација да се здобие со бараните вештини и компетенции.

Темите на обуките се базираат на најдобрата светска практика и на одредени полиња на специјализација кои се бараат од страна на конкурентните менаџери и професионалци.

Т&П Менаџмент академијата испорачува „готови (off-the-shelf)“ и „специјално дизајнирани по барање“ работилници.

Каталог на обуките на Т&П може да најдете на следниов линк: Каталог на обуки.

Обуките на кои ќе се фокусира Т&П во следниот период се претставени во делот за  Стратешки насоки на Менаџмент Академијата како и подетално во каталогот на обуки.

За повеќе детали за Менаџмент академија погледнете ја Личната карта на Т&П Консалтинг за Т&П Академија



Copyright © Трајковски & Партнери Менаџмент Консалтинг | Политика за приватност