Мисија на одделот на Т&П за Менаџмент консалтинг
Да ги зајакнеме организациските капацитети – нивните главни вредности, визија, стратегија, односи со клиентите, луѓе и продукти – со еден збор да ги поддржиме нашите клиенти во патот до нивниот успех помагајќи им да ги воведат најдобрите светски пракси и стандарди.
Историја
Со цел да одговори на се почестите и брзи промени на пазарот и да овозможи само - одржливост на своите клиенти, Трајковски & Партнери ги разви своите консултантски услуги во насока на:
- Искусен, непристрасен глас кој ќе ги предизвика вашите погледи на важните проблеми во бизнисот
- Советување за трансформација на вашите деловни процеси со цел да ги подобрите перформансите, квалитетот и профитот
- Воспоставување на иновативен менаџмент
- Идентификација на можностите во информатичката технологија
- Раст и развој преку имплементација на интернационалните стандарди и најдобри пракси
- Успешен развој и имплементација на стратегии
- Оценка и зајакнување на придобивките од инвестициите во ИКТ решенијата
- Успешен развој и имплементација на менаџмент стратегија
- Анализа на работната сила
- Ефективен проектен менаџмент за вашите проекти
Трајковски & Партнери Менаџмент Консалтинг е посветен на трансфер и адаптација на најдобрите светски пракси поврзани со имплементација на интернационални стандарди, подобрување на деловните процеси, проектен менаџмент, стратешко планирање, при тоа обезбедувајќи развој за нашите клиенти преку иновативноста и технологијата.
Услуги
Менаџмент Консалтинг е дел од Трајковски & Партнери Консалтинг кој е посветен на менаџментот и потребите за професионален развој на:
- Приватни компании: микро компании и мали и средни претпријатија (МСП)
- Јавни институции
- Невладини организации
Имајќи го ова во предвид, ние ги развивме следните услуги со цел да понудиме решение за потребите на нашите клиенти.
Фокусот на Т&П Менаџмент Консалтинг во следниот период е презентиран во Стратешки насоки за нареден период за Организациски развој и Развој на регулативата.
За повеќе детали за Менаџмент консалтинг погледнете ја Т&П Личната карта за Менаџмент Консалтинг.
|