Мисија на нашиот ИТ Владеење - Центар на знаење
Центарот на знаење – ИТ Владеење е насочен кон трансфер и адаптирање на најдобрите пракси поврзани со безбедност на информациите, управување со ИТ услуги, квалитет и континуитет во работењето преку градење на професионалните капацитети, учество во проекти за Истражување и Развој и разновидни соработки на интернационално ниво.
Историја
Со цел да одговориме на порастот на значењето кое информациите го имаат за бизнисот, како и зголемувањето на заканите на кои е изложена една организација во тој поглед, Т&П во 2004 година го формираше својот Центар на знаење – ИТ Владеење. За градење на свеста кај своите клиенти за потребата од безбедност на информации, консултантите од Т&П и неколку соработници го иницираа Клуб 17799 како собирно место и форум за дискусии. Од 2006 Центарот на знаење го прошири својот делокруг вклучувајќи неколку дополнителни области, како:
- Управување со ИТ услуги – имплементација на ИТИЛ најдобри пракси и стандардот ИСО 20000 за Управување со ИТ услуги
- Континуитет во работењето – имплементација на препораките дефинирани во стандардот БС 25999 за Управување со континуитетот на работењето
Во наредните години, Центарот на знаење во Т&П работеше на реализација на обуки и имплементација на системи за управување со безбедност на информации според ИСО 27001, и други системи како Систем за управување со ИТ услуги базиран на ИСО 20000 и ИТИЛ, Систем за управување со квалитет базиран на ИСО 9001, Управување со континуитет во работењето базиран на БС 25999, и т.н.
Безбедност на информациите претставува заштита на Доверливоста, Интегритетот и Достапноста на пишаните, изречените и електронските информации. Уште од почетокот на пишувањето, луѓето ја сфатиле неопходноста да се заштитат информациите. Во денешно време, кога скоро се зависи од Информатичката технологија, управувањето со безбедноста на информациите и управувањето со ИТ услугите се неопходни.
Услуги
Центарот на знаење – ИТ Владеење на Трајковски и Партнери е дел од Трајковски & Партнери Консалтинг посветен на Приватни компании (МСП и големи корпорации), Јавни институции и Невладини организации. Имајќи го ова во предвид, ние ги развивме следните услуги со цел да понудиме решение за потребите на нашите клиенти.

За повеќе детали за Центарот на знаење погледнете ја Личната карта на Т&П Консалтинг за Центарот на знаење – ИТ Владеење.
Фокусот на ИТ Владеење - Центар на знаење во следниот период е презентиран во Стратешки насоки за ИТ Владеење.
.
|