1. Вовед
Ние, во Трајковски и Партнери консалтинг, сакаме луѓето кои ги користат нашите услуги да го имаат најдоброто искуство со нив. Ова значи многу повеќе од обезбедување на квалитетни карактеристики и веродостојна услуга. Ние сакаме да им понудиме на нашите корисници чувство на удобност додека ги користат нашите услуги и приватност на личните податоци кои ги споделуваат со нас. За да ја оствариме оваа цел, ние имаме прецизна политика за приватност која ги заштитува нашите партнери, соработници и клиенти.
Со оваа политика, ние во Трајковски и партнери консалтинг, покажуваме постигнување на високи стандарди на услуга на клиентите, независност, објективност и интегритет, доверливост и одговорност кон професијата.
2. Нашиот бизнис
Трајковски и Партнери консалтинг е мала менаџмент консултантска фирма која нуди менаџмент консултантски услуги на претпријатија од приватниот и јавниот сектор, но исто така и на организации кои работат со овие сектори.
Нашите постоечки и потенцијални клиенти бараат високо квалитетни услуги и нашето работење зависи од континуираната поддршка и давањето квалитетни совети на нашите клиенти. Земајќи ја во предвид природата на менаџмент консалтингот, ние сме свесни за вредноста на информациите кои ги добиваме од нашите клиенти како и за информациите кои ние им ги даваме на клиентите. Исто така, свесни сме дека овие информации се приватни за клиентите и ќе ги третираме на истиот начин како што ги третираат нашите клиенти.
Посветеноста демонстрирана во оваа политика ја одразува суштината на нашето работење.
3. Изјава за намера
Следејќи ја оваа политика на Трајковски и Партнери консалтинг, ние ја штитиме вашата приватност.
За нашите соработници: Трајковски и Партнери консалтинг ќе ја открие Вашата информација без известување, само доколку тоа се бара според законот.
За нашите партнери и клиенти: Ние ја разбираме вредноста и значењето што го имаат информациите кои Вие ни ги давате или кои ние Ви ги даваме како резултат на нашата услуга. Ние ќе ги третираме овие информации со истото ниво на доверливост со кое Вие ги третирате
Трајковски и Партнери консалтинг ќе ја открие Вашата информација без известување, само доколку тоа се бара според законот.
За посетителите и корисниците на нашата веб страна: Ние го цениме вашиот интерес за нас. Кога ќе ја посетите и користите нашата веб страна и кога ќе комуницирате со нас преку неа, ние нема да собираме лични информации за вас, освен доколку самите доброволно не ни ги дадете. Било која лична информација која ќе ја оставите на веб страната, а која не треба да биде јавна, ќе биде употребена единствено за целта која е означена на страната од каде е добиена информацијата. Ние сме отворени кон Вашите забелешки и прашања за нашата веб страна кои можат да се дадат преку назначената e-mail адреса. Ние ќе ги земеме во предвид Вашите коментари и мислење за подобрување на нашата веб страна и на нашите услуги. Веб страната на Трајковски и Партнери содржи линкови до други веб страни кои не се контролирани од Т&П, а кои сметаме дека можат да бидат корисни за Вас. Ние не можеме да бидеме одговорни за практиките кои другите веб страни ги користат во однос на приватноста, содржината и точноста на нивните веб страни.
Оваа изјава за приватност ја сумира нашата политика за приватност и користење на информации и го определува начинот на кој Вие ги користите нашите веб услуги. Оваа изјава за приватност ги надминува сите претходни договори и комуникација, во однос на нивната содржина.
Политиката за приватност на нашата фирма е поддржана од останатите политики кои се однесуваат на квалитет и безбедност на информации и од обврската на фирмата кон професионално однесување на нејзините вработени и соработници.
4. Одговорности
Управител
Има одговорност за имплементација на оваа политика.
Редовна проверка на политиката за да се обезбеди нејзина соодветност.
Сите консултанти
Имаат одговорност за имплементација на оваа политика.
Потпишана од Датум: 26.11.2009
Јасмина Трајковски, MBA, CMC
Управител
|