Home

Невнимателно планиран проект одзема три пати повеќе време отколку очекуваното.
Внимателно планиран проект одзема само двапати повеќе.
-Golub's Law
НАСЛОВНА ЗА НАС МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ T&П АКАДЕМИЈА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА ИТ УПРАВУВАЊЕ ПРОЕКТИ НОВОСТИ

» Преглед на Т&П

» T&П LinkedIn

» Клучни консултанти

» IQISMS

» ЕУ финансирани проекти

» E-библиотека

» Фотогалерија


     Менаџмент консалтинг
     ПРОЕКТИ

Менаџмент консалтинг проекти

Име на проект

Краток опис

Финансиер / Клиент

Реализација

ИТ Ревизија на информациониот систем на КБ Прво пензиско друштво

Целта на проектот е спроведување на ИТ ревизија на информациониот систем на КБ Прво пензиско друштво. Опсегот на ИТ ревизијата е следен:
• Работните процеси поврзани со информатичките поставки
• Поврзаноста на системите за водење на задолжителниот пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд
• Усогласеноста на апликациите со важечката регулатива за заштита на податоците
• Резервна локација
• Безбедност на порталот и веб страната на Нарачателот (Пенетрациско тестирање преку користење на black box pen test методата)
• Можностите за злоупотреба на информатичките поставки и софтверски апликации

КБ Прво пензиско друштво ноември 2016
GIRDA – Gameplay for inspiring digital adoption GIRDA – Gameplay for inspiring digital adoption

Еразмус+ програма - Клучна активност: Соработка за поттикнување иновации и размена на добри практики

Целта на проектот е да ги адресира проблемите поради кои постои отпорност од прифаќање на дигитална технологија од страна на постари лица кои претходно немале директен контакт со истата. Пристапот на овој проект е преку употреба на игри да се запознаат индивидуалците (оние кои се веќе во постари години и немаат познавање од употреба на дигитална технологија) со дигитални интеракции со што ќе се настојува да се зголеми мотивацијата, нивните вештини во ова поле како и да се поттикнат во понатамошната поддршка при изучување на други дигитални технологии. Овој пристап се базира на пилот проект со цел да се идентификува еден нов начин на стекнување со дигитални вештини и надминување на бариерите при прифаќање на технологијата како и когнитивниот и физичкиот процес на учење и стекнување вештини.
Еразмус + ноември 2016 – септември 2019
Подобрување на квалитетот на податоците согласно СИГМА спроведената мониторинг проценка Во 2015, СИГМА изврши основно мерење на јавната администрација во земји во развој со аспирации за влез во ЕУ. Целта на новиот проект е да се изврши анализа на добиените информации и да го подобри методолошкиот пристап за следното мерење на земјите во 2017. Очекувањата од консултантот со овој проект е да се направи разлика помеѓу постоењето и квалитетот на податоците на централно и децентрализирано ниво.

Активностите вклучени во овој проект опфаќаа:
- Подготовка на анализа на засегнатите страни и добиените информации
- Преглед на информациите добиени од мерењето во 2015 за Република Македонија и идентификување на податоците кои недостасуваат или пак се добиени во незадоволителен квалитет
- Подготовка на интервјуа со клучните владини институции
- Подготовка на преглед табела, мапирање на секој индикатор како и изворите на податоци во однос со предефинираните критериуми за Р Македонија
- Подготовка на извештај за квалитетот на податоците за Р.   Македонија во контекст со извршеното мерење на СИГМА

Oрганизација за Економска соработка и развој
април – мај 2016
Преглед на легислативата за јавни набавки преку прашалник Јавното мерење е значајна компонента на реформата за јавна администрација и затоа и се рефлектира во принципите на јавната администрација и адекватните мерки. Целта на овој проект е да се подготви детална анализа на праксите на надлежните органи, нивниот напор и ресурсите кои се трошат за јавни набавки како и целосниот перформанс на системот за електронски јавни набавки.

Опсегот на активности во овој проект се:
- Поддршка во процесот на дефинирање на прашањата за прашалникот за влијанието на Јавни Набавки во процесот на набавување
- Подготовка на онлајн прашалник
- Постојана поддршка на клучните надлежни органи со цел да се обезбеди соодветен примерок во истражувањето, земајќи во предвид дека јавните набавки се значителна компонента во реформата на администрацијата
- Подготовка на извештај од спроведената анализа

Организација за Економска соработка и развој
март – јуни 2016
SIGMA 2016  Оценка на јавна администрација за Македонија Консултантска поддршка во промоција на изработените Принципи за Јавна Администрација од страна на СИГМА, како и извршување на парцијална годишна проценка базирана на овие принципи.

Главни цели беа да се провери подобрувањето од извршениот базично мерење (baseline assessment) и согласно да се дефинираат препораки за идните реформи во јавната администрација

Опсегот на активностите од овoј проект опфаќаа:
- Постојано ажурирање на Dropbox комуникација и известувања до сите Македонски фолдери
- Истражување на ангажирана документација за СИГМА
- Прибирање на информации од јавно достапни извори за подготовка на податоците од земјите во области на јавна испорака на услуги и јавни набавки
- Одговарање на специфични прашања за Р. Македонија
- Комуникација со националните надлежни органи за дополнителни потребни податоци
- Поддршка во пополнување на потребните формулари
- Учество на состаноци

Организација за Економска соработка и развој
јануари - мај 2016
Поддршка во подготовка на национална стратегија за хармонизација со законодавството на ЕУ за поглавје „Право на основање и слобода на давање услуги“ Административна поддршка и асистенција на тим лидерот во проектните активности што вклучува истражување на релевантни теми за проектот. Тим лидерот на Проектот декември 2015 - октомври2016
Консултантски услуги за нов Систем за електронска здравствена картичка

Примарната цел на овој проект е да му се помогне на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во процесот на изнаоѓање на соодветно решение за дизајнирање на нов систем за електронска здравствена картичка преку развивање на нова техничка спецификација. Врз база на изработената нова техничка спецификација се очекува да се спроведат системски промени во тековниот картичен систем за електронска здравствена картичка кои ќе допринесат за поефикасно извршување и поголема достапност на здравствени услуги, а воедно ќе се обезбеди поголема интероперабилност и соработка помеѓу здравствените институции и граѓаните на Р.М.
Вклучени активности активности:
- Анализа на тековниот СЕЗК
- Споредбена анализа со земји кои имаат сличен здравствен систем како во Македонија
- Cost-Benefit анализа
- Изработка на драфт верзија на техничката спецификација за нов систем за електронски здравствени картички
- Поддршка при процесот за јавна набавка на нов систем за електронски здравствени картички

Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија април- декември 2016
Развој на Регионална Стратегија за Иновации за Вардарски плански регион (ВПР) Целта на проектот е изработка на Регионална стратегија за Иновации за ВПР со цел поттикнување на социо - економски активности од страна на сите актери во регионалниот систем за иновации со цел развој и воведување на иновации за зголемување на конкурентноста на регионот и подоbrување на квалитетот на живот.
Активности во склоп на проектот:
- Изработка на анализа на состојба за ВПР во поглед на иновации. Оценка на капацитети, потреби и потенцијали за развој на иновации кај сите актери од региoналниот систем на иновации.
- Презентација на резултатите преку организација на консултатитвен настан со сите актери од РСИ
- Организација и реализација на стратешка работилница за изработка на Стратегијата
- Изработка на Стратегија за иновации 2016-2020
- Изработка на Акциски план 2016/17
- Јавна презентација на Стратегијата
Центар за развој на Вардарски плански регион декември 2015 - март 2016
Анализа на потребите од информациско-комуникациски технологии во компании во развој Проектот "Анализа на ИКТ потребите во компании во развој" беше реализиран согласно ИМЕ програмата. Клучната цел на проектот е да се овозможи преглед на ИТ потребите во компаниите во развој како и да се креираат вмрежувања помеѓу компании од два сектори со цел подобрување на ефикасноста и конкурентноста.
Оваа анализа е потребна за да даде еден преглед на можностите за соработка помеѓу ИТ компаниите и оние во развој.
Вклучени активности во контекст на овој проект беа:
- Креирање на онлајн прашалник
- Креирање на листа на компании за оценување и посета
- Анализа на понуди од преку 50 ИТ компании
- Креирање на прашалник за повеќе од 20 ИТ компании и детални интервјуа со 10 ИТ компании
- Одржување на B2B состанок на Конференцијата за Агро бизнис на МАСИТ
- Подготовка и презентација на финалниот извештај
IME - Поттикнување на пазарна вработеност (under Swisscontact) ноември - декември 2015
Консултантска поддршка за процесот за управување со иновации Цел на проектот: Поддржување на компанијата за финансирање од Фондот за иновации и технолошки развој - онлајн платформа за внатрешна навигација
Реализирани проектни активности :
- Фасилитација на стратешка работилница за дефинирање на иновативни решенија и воспоставување на заедничко разбирање на проектниот тим
- Поддршка на проектниот менаџмент при започнување и затворање на проектот
- Поддршка при управување со проектот, следење и известување кон инвеститорот
- Анализа на законски и безбедносни елементи на платформата
- Имплементација на законски барања за приватност
- Оценка на влијанието на решението по приватноста
- Имплементација на концепти на приватност во дизајнот
- Подготовка за понатамошна комерцијализација
Фонд за иновации и технолошки развој / иДекс септември 2015 - септември 2015
ИТК е-модул за стандардизација и сертификација за оутсорсинг на ИТ и оутсорсинг на деловни процеси (ITO/BPO) Дизајн и развој на содржина за е-модул на учење за "Стандарди и сертификација за ITO/BPO"
 - развој на сценарио модул
- Дизајн на содржина за тренинг
- Развој на тренинг
- Подготовка на тестови и вежби за тренингот
- Изработка на студија на случај
ITC / UN септември 2015 - март 2016
Изработка на стратегија за информациско-комуникациски развој на Општина Гази Баба Главна  цел на проектот е Изработка на стратегија за информациско-комуникациски развој на Општина Гази Баба која има за цел да опфати елементи кои ќе обезбедат развој и модернизација во ИТ работењето на општината во периодот 2015-2018 година. 


Преку имплементација на 5 работни средби ќе се спроведат следниве активности:
 
- Анализа на тековна состојба со ИКТ во Општина Гази Баба и трендови на развој
- Дефинирање на ИКТ стратешки цели и програми
- Оценка на  можностите, потребните ресурси и ризици за реализација на стратешки цели и програми
- Развој на  ИКТ оперативен план
- План за управување, следење и евалуација на реализација на активностите за спроведување на стратешкиот и оперативен план
Општина Гази Баба јули -ноември 2015
Процес на стратешко планирање за  развој на стратешки план за Советот за владеење на правото Целта на проектот е да им помогне на членките на Советот за Владеење на Правото да  изработат стратешки план за периодот 2016-2018 година, истовремено градејќи ги нивните  капацитети во делот на стратешко планирање.
Вклучени активности:
- Анализа на тековната состојба на Советот за Владеење на Правото 
- Спроведување на една стратешка работилница и  три дополнителни сесии за изработка на стратешкиот план за наредните 3 години
- Подготовка на стратешки план,  вклучително изработка на Оперативни планови и Буџет за следните 3 години
УСАИД Проект за јакнеење на судството јуни- август 2015
Изработка на Програма за работа 2015-2017 и Акционен план 2015-2016 за Интегираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион Изработката на програмата и акциониот план се активности во рамки на проектот „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво – Воспоставување на интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион“.
Проектни активности:
-  desk research анализа на постоечки релевантни документи поврзани со економскиот развој на регионот
- подготовка и спроведување на анкетен прашалник до 200 испитаници
- одржување на работни состаноци со релевантните чинители во Пелагонискиот регион од јавен, приватен и невладин сектор
- одржување на 3 еднодневни работилници за изработка на Програмата за работа на ИМРР и Акциониот план на ИМРР
- Драфтирање на Програма за работа за 2015-2017 и Акционен план за 2015-2016 за ИМРР
ЦРППР август-септември 2015
Проектна евалуација и ИТ аудит за имплементација на Информационен систем за автоматизација на процеси за издавање на сеизмички дозволи Проектот вклучуваше активности за развој на методологија за евалуација и аудит, спроведување на истата и дефинирање на извештај со препораки за нарачателот, корисникот и изведувачот.
Резултати:
- Методологија за евалуација и аудит на ИТ системот
- извештај од евалуацијата и аудитот на информациониот систем за автоматизација на процесот за издавање на сеизмички дозволи
SIPU мај - јули 2014
Подобрување на управувањето со трошоците и подобрена препознатливост на компанијата на пазарот за Едукативен центар РЕА Тетово Главната цел на проектот е да го подобри управувањето со оперативните трошоци од страна на менаџментот и да донесе стандардизирана маркетинг стратегија.
Следниве активности беа спроведени преку 5 работни средби, и 3 проектни фази:
- Спроведување на организациона анализа и дефинирање на АБС модел за управување со трошоци
- Обука - градење на капацитетите на менаџментот за управување со трошоците
- Дефинирање на нови услуги и ревизија на постојниот каталог на услуги за клиентот
- Воспоставување на трошковен модел за новите услуги
- Развој на маркетинг стратегија како и маркетинг материјали за препознатливост на компанијата, и видливост на тековните и новите услуги за локалниот пазар и дијаспората
ЕБОР февруари-јуни 2015
Етичка ревизија во Симона Шус Трејд Целта на проектот е да се направи проверка на степенот на исполнување на барањата од ЕТИ кодот и националните закони поврзани со условите за работа и правата на работниците во компанијата
Активности:
- проверка на документација
- групни и индивидуални интервјуа
- пишување на Извештај и План на превентивни и корективни мерки
Лемко- Италија мај 2015
Пакет услуги за архивско работење

Проектните активности вклучија пакет на услуги за архивско работење чија цел е усогласување на архивското работење на фирмата со Законот за архивски материјал и Уредбата за канцелариско и архивско работење.

Активности: Изработка на План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал за поднесување до Државен архив за следната година, идентификација на нивоа на класификација на документи, изработка на упатство со чекори за успешна комуникација на фирмата со Државен архив на Р.М.
Сокотаб Битола ноември 2014
Моделирање на бизнис процеси и надградба на СУБИ во АБ Софт

Целта на овој проект е имплементација на интегриран менаџмент систем во компанијата земајќи ги предвид стандардите ИСО9001:2008 и ИСО27001:2013.

Активности: Проектен менаџмент, документирање на бизнис процес модел, документирање на систем со управување со квалитет; сеопфатна рамка на ИМС која се состои од ИСО9001 и ИСО27001; обука за интерен аудит, миграција на систем за управување со безбедност на информации на новиот ИСО27001:2013 и подготовка за негова сертификација од страна на независно сертификационо тело.
AB Soft октомври 2014 - март 2015
Изработка на стратешки планови за Академија на судии и јавни обвинители, Основен суд Скопје 1 и Основен суд Скопје 2

Целта на проектот е да им се помогне на трите институции да изработат стратешки планови за наредните 3 години, а во исто време и да им се помогне да ги изградат своите капацитети за стратешко планирање.
Вклучени активности:
- Преглед на релевантната законска регулатива и подзаконски акти кои ја дефинираат работата на Основните судови 1 и 2 и Академијата на судии и јавни обвинители
- Преглед на постигнувањата на Основните судови 1 и 2 и Академијата во последните 3 години преку анализа на Годишните Програми за работа и Извештаите за работа
- Спроведување на анализа за оцена на реализацијата на Плановите за работа на Основните судови 1 и 2 и Академијата преку истражување и спроведување интервјуа со клучните актери на Основните судови 1 и 2 и Академијата
- Спроведување на 3 стратешки работилници и дополнителни сесии за изработка на стратешки планови за наредните 3 години за секоја од трите институции (Основните судови 1 и 2 и Академијата)

- Подготовка на стратешки планови (вклучително изработка и на Оперативни планови и Буџет за следните 3 години) за Основните судови 1 и 2 и Академијата
УСАИД Проект за јакнеење на судството јуни- декември 2014

Поддршка на центрите за регионален развој во нивниот организациски развој

(Скопски, Вардарски, Пелагониски и Северо-источен)

Целта на проектот е давање поддршка на 4те центри за регионален развој (Скопски, Вардарски, Пелагониски и Северо-источен) во делот на нивен организациски развој и развој на мрежата на 8те ЦРР во нивните напори за лобирање.
Активностите на проектот вклучуваат:
1. Поддршка на ЦРР во Скопскиот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Североисточниот регион за развој на Стратешки планови 2013 – 2017.
o Подготовка и модерирање на 4 работилници за стратешко планирање со ЦРР во Скопскиот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Североисточниот регион
2. Поддршка на ЦРР во Скопскиот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Североисточниот регион за развој на портфолио на услуги
3. Обука на ЦРР во Скопскиот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Североисточниот регион за подготовка на позициски документи со аргументи за лобирање на индивидуални теми пред одговорните институции
4. Поддршка на мрежата од 8 ЦРР во подготовка на позициски документи со аргументи за лобирање на индивидуални теми пред одговорните институции

ГИЗ РЕД / ЦРР април 2013 – во тек

Развој на стратешки план за УИПР

Целта на проектот “Изработка на стратешки план на Министерството за финансии - Управа за имотно правни работи“ е да се поддржи УИПР за подготовка на стратешки план за иднината на УИПР, со активно учество на високи службеници на УИПР и Министерството за финансии, што би можело да се вградат во сегашниот Стратешки план на Министерството за финансии.

Светска банка 2013
Развој на Акциски план за Отворено владино партнерство Г-динот Трајковски зеде учество во експертската група за развој на Национален акциски план за ОВП како дел од иницијативата Отворено Владино Партнерство во Македонија. Светска банка/МИОА 2012
Градење капацитети на Министерство за образование и наука за професионални квалификации согласно со ЕУ реформите Проектни активности:
• Поддршка на UK NARIC во спроведување на анализата на засегнати страни во областа на признавање на професионални квалификации;
• Поддршка на UK NARIC во дефинирање на Организациона структура за идентификуваните засегнати страни во професионалните квалификации;
• Поддршка при изработка на Протоколот за работа на Меѓуресорската координативна група за професионални квалификации;
• Логистичка поддршка за настаните за Градење на капацитети за Меѓуресорската координативна група и националниот координатор за професионални квалификации,
• Логистичка поддршка за Градење капацитети на националниот координатор за професионални квалификации
• Законска и техничка поддршка на UK NARIC во  изготвувањето на подзаконски акт за Законот за признавање на професионални квалификации, во согласност со регулативите на ЕУ
• Поддршка на UK NARIC и Министерството за Образование и наука во развојот на Методологија за Регистар на Регулирани професии (дефинирање на влезни процедури, форма, нивоа на пристап, видови на влезни податоци, одржување и сл.).
Британска Амбасада Скопје 2011-2013

Регионален економски развој – Поддршка на МЛС - Сектор за Регионален Развој и ЦРР во четирите програмски региони (Источниот, Југо – Источниот, Југо - Западен и Полошкиот регион) на ГИЗ РЕД за понатамошен организациски развој

Овој проект ги вклучува следниве активности:

  1. Поддршка на МЛС - Сектор за РР да ја подобри моменталната организациска структура и развие најмалку  2 нови услуги
    1. Поддршка на МЛС – Сектор за РР да поттикне промена во систематизација
    2. Поддршка на МЛС – Сектор за РР да имплементира барем 2 од дефинираните услуги фокусирани на ЦРР
  2. Поддршка на ЦРР во организациски развој
    1. Поддршка на ЦРР во имплементација на услугите
Поддршка на ЦРР во презентација на позициските документи пред надлежните институции
ГИЗ РЕД/ Министерство за Локална Самоуправа - МЛС април – јули 2012

Регионален економски развој – Поддршка на МЛС - Сектор за Регионален Развој и ЦРР во четирите програмски региони на ГИЗ РЕД за понатамошен организациски развој

Овој проект ги вклучува следниве активности:
Преглед на моменталната систематизација и сугестиите за организациската структура наведени во стратешкиот план за секторот за РР

  1. Поддршка на МЛС - Секторот за РР да ги подобри своите интерни процеси и да развие нови услуги
    1. Подобрување на моменталната организациска структура во секторот за РР за остварување на поголема ефективност и ефикасност на работното место
    2. Поддршка на МЛС - Сектор за РР да дефинира и развие најмалку 2 нови услуги
  2. Поддршка на ЦРР во организациски развој
    1. Поддршка на ЦРР во развој на услуги
Поддршка на ЦРР во подготовката за лобирање
ГИЗ РЕД/ Министерство за Локална Самоуправа - МЛС октомври – декември 2011

Регионален економски развој – Поддршка на МЛС - Сектор за Регионален развој
Понатамошен организациски развој

Целта на проектот беше да се даде поддршка на ЦРР при финализација на нивните стратешки планови (2011-2014) и оперативните планови за 2011. ГТЗ РЕД / Министерство за Локална Самоуправа – МЛС, ЦРР јануари 2011
Изработка на подзаконски акт на Законот за процена - методологија за проценка на ИТ Учество во тим од експерти ангажирани за изработка на Методологија за проценка на ИТ и соодветна програма за обука на идните проценители.
Вклучени активности:
- анализа на Законот за проценка
- анализа на светските добри пракси за проценка на ИТ
- анализа на другите методологии за проценка во Македонија
- дефинирање и опис на ИТ средствата
- изработка на методологијата аза проценка на ИТ
- дефинирање на план за обука на проценители за ИТ
- спроведување на јавна расправа за методологијата за проценка на ИТ
- подготовка на подзаконскиот акт за методологија за проценка на ИТ
Carana, Проект за конкурентност на Македонија 2011
Развој на дата базата на бизнис регистарот (Национална статистичка класификација на економски активности во Косово) NACE2 Активности:
• Анализа на постоечката дата база на бизнис регистарот, регистарот на статистика и даночна управа во Косово
• Мапирање на постоечката класификација со класификацијата според НАЦЕ Рев.2
• Анализа на сите економски активности потребни за класификација според НАЦЕ Рев.2
• Подготовка на акциски план за имплементација на новите правила за класификација согласно правилата на ОН на земјите членки на  UNECE
• Работилница – законски правила, имплементација, одржување и користење на бизнис регистарот во статистика
• Изработка на правила и водичи за користење на бизнис регистарот
Светска Банка/ Бизнис регистар Косово- Министерство за економија 2011
ИСО 9001:2008 во Министерство за Информатичко Општество и Администрација Имплементирање на систем за управување со квалитет на јавните услугите кој ќе се базира на МК ЕН ИСО 9001:2008 и подготовка на министерството за сертификација од независно сертификациско тело. Вклучени активности:
• Анализа на зрелоста на постоечките процеси во министерството
• Оценка на тековниот степен на усогласеност со барањата од ИСО 9001:2008 и ИСО 9004:2010 (ИСО 9001:2008  ГАП оценка / GAP assessment)
• Дефинирање на опсегот на системот за управување со квалитет на јавните услуги
• Дефинирање на акционен план за работа (назначување членови во проектниот тим од страна на МИОА, дефинирање на термините за директни средби, распределба на задачи и обврски за имплементација на системот за управување со квалитет).
• Дефинирање на Модел на деловни процеси на работење во МИОА
• Дефинирање на клучни индикатори за следење на перформансите на реализација на услугите и мерење на ефикасноста на процесите
• Подготовка на детален акциски план за документирање и имплементација на системот за управување со квалитет на услуги
• Дефинирање насоки и препораки на проектниот тим на министерството при изработка на документација според барањата на МК ЕН ИСО 9001:2008 стандардот, и проверка на квалитетот на подготвените документи
• Подготовка за сертификација
• Обуки:
o Подигање на свеста на раководството за потребата и придобивките од управување со квалитет на услугите
o Основни принципи и концепти на ИСО 9001:2008 за проектниот тим
o Документирање и имплементација на управувачки систем во МИОА базиран на ИСО 9001:2008
o Внатрешна ревизија на системот за управување со квалитет според ИСО 9001:2008
Министерство за Информатичко Општество и Администрација 2011

Регионален економски развој – Поддршка на МЛС - Сектор за Регионален развој
Подобрување на интерните процеси и развој на нови услуги и поддршка на ЦРР во четирите програмски региони (источен, југоисточен, југозападен и полошки), развој на стратешки и оперативни планови

Овој проект ги вклучува следниве активности:
a) Поддршка на МЛС - Секторот за РР да ги подобри своите интерни процеси и комуникација и да развие нови услуги преку

  • Оценка на моменталната состојба на процесите базирано на ЦАФ (CAF - Common Assessment Framework)
  •  Подобрување на моменталната состојба на процесите за остварување на поголема ефективност и ефикасност на работното место
  • Поддршка на МЛС - Секторот за РР во развој на Стратешки план за 2011-2015
  • Поддршка на МЛС - Секторот за РР во дефинирање и развој на најмалку 2 нови услуги

b) Поддршка на ЦРР во развој на Оперативни Планови за 2010 и 2011 преку

  • Подготовка и модерирање на работилниците за планирање со ЦРР
    Поддршка на ЦРР во финализација на Оперативните планови за 2010
Поддршка на ЦРР во финализација на Оперативните планови за 2011
ГТЗ РЕД / Министерство за Локална Самоуправа - МЛС април 2010 – декември 2010
Подобра деловна регулатива (РИА 3 - БРЕ) Главната цел на овој проект е преглед на имплементацијата на регулаторната реформа во бизнис секторот со цел истата да се подобри. Конкретната цел на проектот е:
• Да се анализира моменталната поставеност и практиката во регулаторната реформа
• Да се развијат препораки за подобрување на регулаторната реформа и Акциски план за нивна имплементација
• Да се спроведе оценка на влијанието на РИА во одредени  деловни регулативи, и за време на процесот на развивање на регулативата како и за време на спроведување на законот.
• Зајакнување на процесот на консултации со бизнис секторот преку развивање на Код на Консултации и градење на капацитети на инволвираните засегнати страни.
Британска Амбасада Скопје 2010
Претставување на СМС во Косово Главната цел на овој проект е да се подобрување на способностите и капацитетите на консултантите и превземање на чекор напред кон акредитација на консултантите во Косово од страна на интернационално признат институт за акредитација, и суштински да се подобри квалитетот на консалтинг услугите кој локалните консултанти ги нудат на МСП од Косово.
Конкретните цели на овој проект се:

1) Да се обучат најмалку 20 локални консултанти на вештините и стандардите потребни за процесот за СМС (сертифициран менаџмент консултант) сертификација;
2) Подучување на локалните консултанти со вештини потребни  за дизајнирање, управување и имплементација на консултантски проекти на високо професионално и етичко ниво;
3) Запознавање на консултантите со методи и вештини за управување со консултантските компании; 
4) Подигање на свесноста меѓу локалната консултантска заедница и клиентите на консултантски услуги;
5) Поддршка за основање на професионална асоција на консултанти и воспоставување на релевантни стандарди и регулативи.
TAM BAS Kosovo / CMC кандидати - Косовски консултанти 2010
СПФРЕ - ПК Хармонизација на националното законодавство со Директивата за признавање на професионални квалификации Подготовка на анализа на националното законодавство за да се утврди начинот и стратегиите за најефикасно транспнирање на Директивата 2005/36/EC.
- Развој на Национален акционен план за транспозиција на Директивата 2005/36/EC на заемно признавање на професионални квалификации
- Работилница за презентирање на наодите и заклучоците во процесот на анализа на националното законодавствово областа на професионални квалификации
- Подготовка на RIA според Законот за препознавање на професионални квалификации
- Изготвување на Предлог Законот за признавање на професионални квалификации и подготовка на соодветна табела за транспонирање на Директивата
- Поддршка на Работната група за имплементација на Директивата 2005/36/EО во областа на взаемно признавање на професионални квалификации
Градење на капацитети за ЕУ интеграции (Фонд СПФРЕ) / МОН, СЕП Февруари 2010 - во тек
ЦАФ Управен суд Проектот “Алатка за организациска само-оценка - ЦАФ вежба во Управен суд во Република Македонија” е дел од Европскиот проект "Поддршка за ефикасно, ефективно и модерно работење и функционирање на Управниот суд".
Предложениот концепт за “Алатка за организациска само-оценка” ќе произведе појасна слика за моменталната работа на Управниот Суд.
Резултатите од проектот се:
 - Проценка на тековната ефикасност на судот. Идентификација на предностите и слабостите на работата на судот
 - Идентификација на посакувани и изводливи подобрувања
 - Зголемување на степенот на подготвеност за промени, прифаќање нови методи за управување и поддршка на вработените
FIIAP/Управен суд Април 2010
Развојот на капацитетите за извоз на производи и услуги на ПСМ компании Развојот на капацитетите за извоз на производи и услуги на YES  Компании - реализација на кратки курсеви, менторство и консултантски услуги на теми: Вовед во релевантните стандарди и најдобри практики, имплементација на релевантните стандарди и најдобри практики, маркетинг на компанијата итн, 2010 ПСМ Инкубатор / ПСМ Компании 2010

Е-Катастар - ревизија и евалуација на проектот

Ревизија и евалуација на проектот Е-Катастар: експертско мислење за обемот на функционалностите и имплементираните активности во проектот, ИТ проектен менаџмент, анализа на работните процеси и моделирањето на информациониот систем. Резултати од проектот:

  • Извештај со наоди и препораки
  • Листа на функционалности во договорениот опсег и реализирани функционалности
  • Мислење за потребните активности за успешна имплементација

Swedesurvey AB

2009

Преглед на постоечката законска регулатива и планирачките документи кои се однесуваат на системот за управување со кризa

Преглед на постоечката законска и подзаконска регулатива, планирачките документи и останати документи кои имаат влијание на процесот за управување со кризи, нивната рамка која влијае на работењето и функционирањето на процесите за управување со кризи. Идентификација на постоечките улоги, надлежности, линии на комуникација и координација помеѓу релевантните субјекти на процесот за управување со кризи. Преглед на усогласеноста (компатибилност и интероперабилност) на принципите, организацијата и процесите на тековниот систем за управување со кризи во Република Македонија со постоечките состојби во Европската Унија и меѓународната заедница.
Резултати: Матрици и мрежни дијаграми (текстуален и графички приказ) на постоечката законска регулатива и релевантните планирачки документи.

УНДП / Центар за управување со кризи

2008

SWEB

Зголемување на ефикасноста на јавните сервиси преку  користење на мобилни технологии со фокус на безбедноста на трансакциите. Т&П e технолошки партнер на Град Скопје и партнер во конзорциумот.

EC FP6/Скопје

2006 -2008

ГОФРЕ 07 07 - Методологија за Стратешко планирање

Изменување и дополнување на Методологијата за стратешко планирање и подготвување на ГПРВ - Анализа на примената на Методологијата за СП, предлог за изменување и дополнување на Методологијата за СП и развиени модули за еднодневна презентација на измените и дополнувањата на Методологијата

ГОФРЕ / Влада на РМ - Генерален секретаријат на Владата на РМ ; Секторoт за стратегија, планирање и следење

2008

Национален виза информационен систем
(N-VIS)

Воведување на национален Виза Информационен систем од проектен тим на SRCSi - Slovenija во кој Љубомир Трајковски е ангажиран како проектен менаџер и клучен експерт.

ЕАР / Министерство за надворешни работи

2007-2008

Воведување на ИСМС и ИТСМ во АМЛ - Развој на капацитети за поддршка на процесот против перење на пари - Лот 1

 

Воведување на систем за управување со ИТ услуги базиран на ITIL и на аспекти од ИСО  20000:2005 и систем за управување со безбедност на информации базиран на ИСО 27001:2005. Цел на овој проект е обезбедување на поддршка за развој и консолидација на функционален и ефективен систем за спречување на перење на пари.
Делот од проектот кој го реализираше Т&П вклучуваше:

  • Поддршка на проект менаџер преку проектна администрација
  • Подготовка на прирачник за Безбедност на информации и систем за управување со ИТ услуги

ЕАR / Министерство за финансии

2006 - 2007

ГОФРЕ 04 07 - Белешка со мислење (Briefing note)

Обука за анализа на политики со подготовка на белешка со мислење - Утврдување на потребите од обука за анализа на политики со подготовка на белешка со мислење со предлог програма на обука, Подготовка на материјали за обуката, Реализација на обуката и изготвување на Извештај од реализација на обуката со препораки

ГОФРЕ / Влада на РМ, Сектор за анализа на политики и координација

2007-2008

ГОФРЕ 03 07 - ПВР (RIA) и е-Влада

Анализа на законската рамка во РМ за функционирање на е-Влада, Предлог промени на  Деловникот за работа на Владата кои се однесуваат на спроведување на ПВР (RIA) и воведување на е-седница на Влада, Методологија, Обрасци  со Упатство за пополнување и Прирачник за спроведување на ПВР и реализација на дводневна  обука за ПВР

ГОФРЕ / Генерален секретаријат на Влада на Р

2007-2008

Употреба на проценка за влијание на регулативата (RIA)

Целта на задачата беше да се олесни процесот на употреба на пилот проекти, да се подготви Прирачник за RIA за државните службеници и да се изградат капацитети за  RIA во јавниот и деловниот сектор.
Резултати на обуката:

  • Работилница за RIA и улогата на деловниот сектор во процесот
  • Презентација на RIA и процесот за RIA во сите министерства индивидуално
  • Ревидиран Прирачник за RIA за државните службеници
  • Ревидирани правила  за процедурите на работа на Владата кои се однесуваат на RIA
  • Пилот проект 1: План за RIA за Законот за судски такси
  • Пилот проект 2: План за RIA, анализа на трошоци и иницијална RIA за Закон за пакување и отпад од пакување

ГОФРЕ / Генерален секретаријат на Влада на РМ

2008-2009

HRDF
(Фонд за развој на човечки ресурси)

EAR проект - Фонд за развој на човечки ресурси – Физибилити студија за креирање на нова институција

HRDF – EAR

2004

HRDF 1 - Управување со иновации и технологии

Развој на човечки ресурси преку подготовка и реализација на тренинг за конкретни таргет групи. Цел - подготовка на финален пакет за управување со иновации и технологии преку преглед на презентациите, материјалите за учење и алатки со цел идентификација на можните области на подобрување и надградување на постоечките материјали со дополнителни извори и линкови.
Главна тема - Концепти и процеси на проектен менаџмент (базирано на Project Management Body of Knowledge Guide (PMBOK) од Project Management Institute како стандарден водич за Проектен Менаџмент).

HRDF1 – EAR

2005 - 2006

Студија за развој на научните институти во Хрватска

Тим на BPR - GLOCKOM направи Анализа на работење на научните институти во Р. Хрватска со ре - инженеринг на работните процеси и предлог модел на нова организација на Руџер Бошковиќ–Загреб и Бродарски институт–Сплит преку:

  • Анализа на тековна организација на истражувачко развојните институти
  • Споредба со светските позитивни искуства
  • Дефинирање на процесен модел
  • План за имплементација на новиот организациски модел
  • Препораки за тековно подобрување на работењето

Светска банка & Министерство за наука на Р.Хрватска

2004 - 2005

МЦА - Кластер за јагнешко и сирење
(MCA- Lamb & Cheese Clustering

Студија за Кластерот за јагнешко месо и сирење (Lamb and Cheese Cluster) која се однесува на стандардизација и брендирање на производите.

USAID / Booz-Allen & Hamilton
Lamb & Cheese Cluster

2004 - 2005

E-Munis

Развој на стратегија со план за акција за подготовка на проектни понуди за ЕУ FP проекти.
Јакнење на технички капацитети на општини преку реализација на Е-услуги со идентификација, ре - дизајн и моделирање на сервисите и реализација на Пилот за:

  • Електронска поддршка на кабинетот на градоначалникот
  • Информационен систем на Советот на Град Скопје

EC FP4 / Град Скопје

2001 - 2004

Стратешки план за модернизација на Службата на Собранието на РМ

Стратешки план за модернизација на службата  и Предлог  на оптимална организација на Собранието на РМ  со сервисно ориентирани служби максимално поддржани со новите технологии.

  • Анализа на задоволство на пратениците од службите
  • Анализа на постојното работење на службите
  • Споредба и анализа на позитивните искуства на европските парламенти
  • Дефинирање на нови сервиси, дизајн на процесите и работните дијаграми
  • Дизајн на новите работни процедури и изготвување на Каталог на услуги

Собрание на Р.Македонија

2000-2001

SEED Project

Промоција на електронска комерција во Југоисточна Европа. Т&П е партнер во интернационален конзорциум

EC, FP4 IST програма

2000-2002

Концепт на ИС на Министерство за економија

Дефинирање на стратегија за модернизација и акциски план за проекти во првите години.
Анализа на тековно работење, Модификација на деловните процеси (Business Process Reengineering), Концепт на ИС со модел  на функции и податоци и план за имплементација на приоритетни проекти со опис .
Реализација на проект за електронска  поддршка на кабинетот на Министерот.

Министерство за економија

1996-1997

Компаративна студија на барањата од ИСО 27001 и законодавство во Бугарија и Македонија

Како дел од подготовката за потпишување на консултантски договорот на ITIC GROUP со Електростопанство, Т&П направи компаративна Студија со анализа на постојното законодавство (македонско и бугарско) коешто се однесува на стандардот за безбедност на информации  ИСО 27001:2005

DEVOTEAM, ITIC GROUP и електростопанство на Р.Македонија и Р. Бугарија

2008

МT Matrix - Анализа на работна сила

Софтверско решение за оценка на ефикасноста и управување со задачите во ИТ секторот на Т-Home. За ИТ секторот на T-Home се прави стратешка визија како би требало да биде организиран, оценка на моменталната организација и предлог за  премин во матрична организација на работење документиран со процеси и процедури за нивно управување.

Македонски Телекомуникации, ИТ директорат

2008

Менаџерски вештини за менаџери од средно ниво во Јавната Администрација

Специјализиран менаџмент тренинг за  1 категорија на државни службеници од Секторот за имплементација на Охридски Договор.
Главни цели- подобрување на менаџерските и административните вештини поврзани со секојдневното работење.
Севкупни цели - Зајакнување на капацитетите и менаџерските вештини на учесниците, како што е тимската работа, управување со време (time management), организација на административна архива и коресподенција, управување со конфликти и фасилитаторски вештини.

"Atos Origin" и Влада на РМ - Сектор за имплементација на Охридскиот Рамковен договор

2007

ИТ стратегија за ДЗГР

Менторство во дефинирање на Стратешки план за реализација на ИС на Државен завод за геодетски работи (ДЗГР).

SWIDESURVEY/ WB /
ДЗГР на РМ

2007

e-GOV  безбедносни аспекти

Организација на безбедност на информации во e-GOV  проекти со предлог на основни функции и активности поврзани со безбедност

УСАИД проект е-GOV

2006

Обука за Методологија за дизајнирање на проекти за МЕСА (Македонска асоцијација за е-општество) -  UNDP поддршка за општинските центри на МЕСА

Цел - да се зајакне програмата за развој на проектните капацитети на Членовите на МЕСА, што е клучен фактор за обезбедување на долгорочната самоодржливост, функционирање и ефикасност во подобрувањето на информатичката технологија во земјата.
Тренингот треба да обезбеди Членовите на МЕСА да ги оценуваат локалните и националните потреби за ИТ развој кои ќе бидат идентификувани од Асоцијацијата и локалните Фондации, да ги идентификуваат потенцијалните проекти и да развијат концепт за проект.
Со овој тренинг  учесниците ќе се здобијат со знаење, вештина и алатки за развивање на проектни понуди.


УНДП / МЕСА - Информациони центри  во општините

2006

Физибилити студија за  воведување на  ИСО стандарди  во Жито Вардар

Физибилити студија за  воведување на  ISO стандарди и стандарди за безбедност на храна во Жито Вардаровиот Комплекс ја реализираше  Конзорциумот "Предизвик" раководен од Михајло Коневски . Т&П го реализира сегментот за ИСО 17799 стандардот и обезбеди  асистенција на проект менаџерот

Жито Вардар

2005

Поддршка на Развојот  на професионални асоцијации

Консултантска поддршка на развојот на професионални асоцијации како што се: МЦА 2000-Менаџмент консалтинг асоцијација, МАСИТ, ММО - Македонска мрежа на обучувачи, МАП - македонска асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук....
Дефинирани се:

  • Организација на асоцијацијата
  • Стратешки план за работа
  • Дефинирање и опис на сервиси
  • Опис на работни постапки
  • Анимација на членството

ГТЗ ПСП,
Професионални асоцијации

2005

Игри на среќа

Маркетинг студија и  анализа на состојби во игри на среќа во РМ за потребите на Грчкиот партнер.

Кантор консалтинг - Грција

2004

Водич за пратеници во собранието на РМ

Анализа на работење на службата на Собранието на РМ  и дефинирање на сервисна ориентација со организација на контакт центар за пратеници и утврдување на сервиси и процедури за нивна реализација.
Резултат: Водич за пратеници.

Собрание на РМ

2004

Развој на професионални асоцијации

Консултантска помош во развој на професионални асоцијации - ангажман на Јасмина Трајковски

ГТЗ / Професионални асоцијации МАСИТ, МЦА 2000

2004-2005

Kако да се учествува во EC FP5/6/7

Градење на капацитети за активно учество во EC FP  преку:

  • креирање на проектен предлог врз база на официјалната проектна методологија на ЕУ, со специфични водилки за рамковните програми на ЕУ
  • креирање на ЕУ мрежа, основање на конзорциуми, партнерство
  • вовед во правилата за учество
  • критериумите за квалификација,
  • приклучување во меѓународни конзорциуми.

ГТЗ /
Министерства на РМ /
универзитети

2003

ЦАФ Методологија

Тренинг на тимови за планирање на проекти во општините и подобрување на плановите за акција за давање на услуги и инфраструктурни проекти.
Тренинг за воведување на ЦАФ методологија за самооценка на квалитетот на работење.
Корисници:Општините Сарај и Свети Николе

ГТЗ/ Министерство за локална самоуправа / претставници на општини

2003

Јавно Приватно Партнерство (ППП) за градоначалници

Цел на проектот:

  • Креирање на свест за можноста за вклучување на ППП во стратешките планови на општините.
  • План за акција за воведување на ППП во општините
  • Дизајнирање на специфични ППП проекти за претпријатијата.

Низа на семенари и работилници за Јавно - приватно партнерство
Главни теми: ППП концепт, модели на ППП, процедури за реализација на ППП, анализа на промените од користење на ППП моделот во Р. М, идентификација на интересите за ППП.
Учесници: 100 Градоначалници, Менаџери на Јавни претпријатија и општински инспектори.

ГТЗ/ ЗЕЛС

2002

ИТ стратегија за ПИОМ

Во функција на реформа на пензискиот систем во РМ , направена е оценка на постојната состојба на ИС,  Споредба со напредни светски системи за поддршка на пензиските фондови и предложен е Стратешки план за ИТ како поддршка на Стратешкиот план за реформа на ПИОМ.

Светска банка / Влада на РМ

2003

Концепт и стратегија за стратешки интегриран информационен систем во Министерството за здравство

Дефинирање на стратегија за модернизација и акциски план за проекти во првата година. Анализа на постоечките процеси, ре - дизајнирање на процесите (BPR), ИТ концепт со функции и податоци и план за имплементација на приоритетни проекти.

Министерство за здравство

1996

Концепт и стратегија на  ИС на Министерство за труд и социјална политика

Анализа на тековно работење, Модификација на деловните процеси (Business Process Reengineering), Концепт на ИС со модел на функции и податоци и план за имплементација на приоритетни проекти.
Реализација на информационен систем на Пазарна инспекција со акцент на електронско управување на документи сврзани со инспекциски надзор.

Министерство за труд и социјала / Пазарна инспекција

1997

Подготовка на Национална проектна методологија за развoј на информациони системи и обезбедување на квалитет

Методологијата се препорачува  за примена во реализација на ИТ проекти финансирани од буџет на РМ. Опишува животен циклус во реализација на ИТ проект по фази и сегменти, дефинира активности и резултати, дава шаблони за документацијата, дефинира контролна книга на проектот и има специјален дел за организација на проект и управување со квалитет.
Методологијата се базираше на проектната методологија на PMI институтот..

Министерство за наука, сите владини и државни институции

1996

Работилница за имплементација на Национална Стратегија за реализација на ИТ проекти и управување со квалитет

Обука на државните службеници за употреба на Национална методологија за реализација на ИТ проекти и управување со квалитет. Методологијата е базирана на методологијата на PMI институтот. Главни теми на работилницата:  како да се користи Методологија, животен циклус на ИТ проект, организација на проектен тим, контролна книга на проект, управување со проектната временска рамка.
Учесници: раководители на ИТ департмани и ИТ професионалци.

Министерство за наука /
Раководители на ИТ центри и фирми

1996



Copyright © Трајковски & Партнери Менаџмент Консалтинг | Политика за приватност