Обуки |
Име на проект |
Краток опис |
Финансиер / Клиент |
Реализација |
PECB акредитиран тренинг - Водечки имплементатор за информациска безбедност |
Испорака на PECB тренинг и организација на испит за ИСО27001 "Водечки имплементатор за информациска безбедност". Учесници на тренингот и испитот беа консултанти во финансиски институции. |
Abakus consulting |
октомври 2016 |
PECB акредитиран тренинг - Водечки имплементатор за приватност |
Испорака на PECB тренинг и организација на испит за ИСО 29100 Водечки имплементатор за приватност. Учесници на тренингот и испитот беа консултанти во финансиски институции |
Abakus consulting |
јуни 2016 |
ИТИЛ и СКРУМ |
Развивање и испорака на ИТИЛ и СКРУМ тренинзи
Активности вклучени во развојот на еднодневен модул за покренување на свеста за ИТИЛ методологијата и дводневен модул за Основи на СКРУМ методологијата за ИТ компании и експерти во Албанија. |
AITA |
октомври 2015 |
ИТК е-модул за стандардизација и сертификација за оутсорсинг на ИТ и оутсорсинг на деловни процеси (ITO/BPO) |
Дизајн и развој на содржина за е-модул на учење за "Стандарди и сертификација за ITO/BPO"
- разјон на сценарио модул
- Дизајн на содржина за тренинг
- Развој на тренинг
- Подготовка на тестови и вежби за тренингот
- Изработка на студија на случај |
ITC / UN |
септември 2015 - март 2016 |
ИСО 27001 Интерен аудитор онлајн курс за www.advisera.com |
Развој на тренинг материјали за онлајн курс за 27001 Academy која е дел од онлајн порталот www.advisera.com |
EPPS Services |
јуни – септември 2015 |
ИСО 27001 Водечки аудитор обука |
Реализација на PECB акредитирана обука - ИСО 27001 Водечки аудитор |
Отворена за индивидуалци |
јуни 2015 |
Тренинг за управување со ризик за ГЕИНГ |
Фокусот на обуката беше управување со ризик по деловното работење базирано на стандардот ИСО 31000:2009.
Обуката ги опфати следниве модули:
• Вовед воуправување со ризик
• Управување со ризик во поширок контекст
• Управување со ризик базирано на ISO31000:2009
• Управување со ризик како дел од работењето на една компанија
Целта беше да се разбере контекстот и спецификите на управување со ризик согласно со ISO31000:2009 и да се оспособат учесниците за активно учество во активности од управување со ризик, особено со Оценка на Ризик |
ГЕИНГ |
Март 2013 |
Обука за обучувачи за ЦеПроСАРД |
Развој и реализација на тренинг Обука за обучувачи ги опфати следниве теми:
• Техники за фасилитирање
• Дизајн на тренинг
• Презентациски вештини |
ЦеПроСАРД |
Јули 2012 |
"Вовед во управување со ризици" обука |
Обука за претставници од КИБС за вовед во Управување со ризици, рамка за управување со ризици базирана на ИСО 31000, Управување со ризици во контекст на безбедност на информации според ИСО 27005, како и управување со ризици како дел од оперативното работење на организациите. |
Клириншка куќа - КИБС |
Март 2012 |
Воведување на ИСО ТР 15801:2004 во Кoмунална хигиена |
Обука за запознавање со и примена на концептот за управување со електронски документи и менторство при воведување на систем за управување со електронски документи според интернационалниот стандард ИСО ТР 15801:2004 |
ЈП Кoмунална хигиена |
Ноември 2011 |
РИА Тренинг за CEFTA DIHK |
Целта на оваа посебна активност е преку дводневен тренинг, претставниците на комората да разберат:
• Што е РИА (проценка на влијанието на регулативата) и нејзините односи процесот на правење на закон/политика
• Која е улогата на бизнис асоцијацијата и комората во процесот на РИА
• Како и кога бизнис асоцијацијата и комората можат да допринесат во процесот на РИА |
Проект DIHK / CEFTA |
2010 |
Обука за оперативен ризик - АФПЗРР |
Дводневна обука на менаџментот AFSARD и MA персоналот за управување со ризикот на оперативно ниво и предлог за подобрување на постоечкиот AFSARD ризикот модел;
Целите на обуката се: учесниците целосно да ги разберат техниките за управување со ризикот и како се тие развиени, заедно со барања во однос на Базел што се однесува на финансиски институции. Ќе се дискутираат видовите на расположивите опции и предвидените решенија и препорачаните ристапи Исто така се направи поврзување на оперативниот ризик со ризикот на управување и се објасни поврзаноста со економскиот капитал.
Резултати:
• Обучување на менаџмент на AFSARD и вработени во МЗШВ за менаџирање на ризици на оперативно ниво (2 дена работилница);
• Набљудување на постоечки модел за управување со ризици на АФПЗРР;
• Предложување на подобрувања на постоечки модел за управување со ризици на АФПЗРР;
• Изработување на известување. |
IPARD/AFSARD - IPA |
Април 2010 |
Претставување на СМС во Косово |
Главната цел на овој проект е да се подобрување на способностите и капацитетите на консултантите и превземање на чекор напред кон акредитација на консултантите во Косово од страна на интернационално признат институт за акредитација, и суштински да се подобри квалитетот на консалтинг услугите кој локалните консултанти ги нудат на МСП од Косово.
Конкретните цели на овој проект се:
1) Да се обучат најмалку 20 локални консултанти на вештините и стандардите потребни за процесот за СМС (сертифициран менаџмент консултант) сертификација;
2) Подучување на локалните консултанти со вештини потребни за дизајнирање, управување и имплементација на консултантски проекти на високо професионално и етичко ниво;
3) Запознавање на консултантите со методи и вештини за управување со консултантските компании;
4) Подигање на свесноста меѓу локалната консултантска заедница и клиентите на консултантски услуги;
5) Поддршка за основање на професионална асоција на консултанти и воспоставување на релевантни стандарди и регулативи. |
TAM BAS Kosovo / CMC кандидати - Косовски консултанти |
2010 |
АДС - Обука "Управување кон резултати" |
Испорака на обука „Управување кон резултати“ како дел од Програмата за развој на управувачки способности на раководители од среден ранг за Агенција за државни службеници. |
Агенција за државни службеници |
Мај 2009 |
МАСИТ - Запознавање со Систем за управување со ИКТ услуги |
МАСИТ - здружение на ИТ фирми организираше средба на која Т&П Консалтинг го презентираше концептот за Управување со ИТ услуги. Тренингот беше на тема - „Дали ИСО20000 управување со ИТ услуги е применлив кај нас“ |
МАСИТ |
2009 |
Калининград – Консултантски услуги за CMC сертификација |
Главната цел на задачата е да го зајакне капацитетот на Калининград Асоцијацијата за менаџмент консалтинг. Како учесници на обуката беа локални консултанти, членови на асоцијацијата, кои нудат консултантски услуги на мали и средни претпријатија.
Консултант на Т&П ги подготви материјалите за обуката и ја водеше работилницата за членовите на Асоцијацијата на консултанти. |
Европска банка за обнова и развој/ Калининград Асоцијација за менаџмент консалтинг |
Мај 2009 |
ГОФРЕ 04 07 - Белешка со мислење (Briefing note) |
Обука за анализа на политики со подготовка на белешка со мислење - Утврдување на потребите од обука за анализа на политики со подготовка на белешка со мислење со предлог програма на обука, Подготовка на материјали за обуката, Реализација на обуката и изготвување на Извештај од реализација на обуката со препораки |
ГОФРЕ / Влада на Р. Македонија |
2007-2008 |
HRDF 1 - Управување со иновации и технологии |
Развој на човечки ресурси преку подготовка и реализација на тренинг за конкретни таргет групи. Цел - подготовка на финален пакет за управување со иновации и технологии преку преглед на презентациите, материјалите за учење и алатки со цел идентификација на можните области на подобрување и надградување на постоечките материјали со дополнителни извори и линкови. Главна тема - Концепти и процеси на проектен менаџмент (базирано на Project Management Body of Knowledge Guide (PMBOK) од Project Management Institute како стандарден водич за Проектен Менаџмент). |
HRDF1 – EAR |
2005 - 2006 |
Годишни Рамковни договори со Мaкедонски Телеком за реализација на обуки (2006, 2007, 2008) |
Три години по ред Трајковски & Партнери Консалтинг ги исполнува критериумите на Македонски Телекомуникации за рамковен добавувач за дизајн и реализација на обуки. |
Македонски Телекомуникации |
2001 - 2002 |
Тренинг на агенти во Контакт центар на МТ |
Тренинг на 60 потенцијални контакт центар агенти за основни вештини на работење : организација на работна маса, комуникација со клиенти, вештини на слушање, справување со инциденти. |
MT - Македонски Телекомуникации / Сектор за информации |
2002-2003 |
Дизајн, развој и испорака на тренинзи и консултантски услуги |
Трајковски & Партнери Консалтинг – Интерен тренинг за зајакнување на капацитетите на Т&П. Тренингот беше организиран и реализиран од страна на самите консултанти на Т&П. |
Т&П |
2008 |
Подготовка за добра соработка |
Кратка обука за ПСМ Инкубаторот: ефективна работа во тимови, како да се биде добар партнер, како да направам добра презентација, деловна етика, деловна кореспонденција итн. Следниве модули беа вклучени:
1. Презентациски вештини
2. Како да сум посакуван партнер
3. Ефективна работа во тимови |
ПСМ Фондација |
2008 |
ЕЛСА конференција - Обуки за безбедност на информации |
Трајковски & Партнери Консалтинг на конференцијата „Правни предизвици во сајбер просторот“ организирана од студентската организација ЕЛСА одржаа кратки обуки за безбедност на информации на тема:
- Дефинирање и објаснување на значењето на информациите и основни типови на информација
- Безбедност и Интернат безбедност
- Најчести закани за безбедноста на информациите
- Системи за безбедност на информации
- Стандарди и препораки за безбедност на информации
|
ELSA |
2008 |
BSI Тренинг за управување со континуитет на работењето и безбедност на информации |
Тренинг за Системи за управување со континуитетот на работењето и управување со безбедност на информации организиран од BSI на Настанот „BSI Communication“ во Нови Сад |
BSI |
2007 |
Менаџерски вештини за менаџери од средно ниво во Јавната Администрација |
Специјализиран менаџмент тренинг за 1 категорија на државни службеници од Секторот за имплементација на Охридски Договор. Главни цели- подобрување на менаџерските и административните вештини поврзани со секојдневното работење. Севкупни цели - Зајакнување на капацитетите и менаџерските вештини на учесниците, како што е тимската работа, управување со време (time management), организација на административна архива и коресподенција, управување со конфликти и фасилитаторски вештини. |
"Atos Origin" и Влада на РМ - Сектор за имплементација на Охридскиот Рамковен договор |
2007 |
Тренинг за Презентациски вештини за талентирани вработени |
Презентациски вештини - Развој и реализација на тренинг за вработените од МТ - второ ниво на менаџери кои имаат потреба за подобрување на нивното знаење за успешно дизајнирање и реализација на нивните презентации. Тренингот беше фокусиран на практични вежби. Беа вклучени следниве теми:
- Како да се подготвам за успешна презентација
- Како да го контролирам стравот
- Планирање на презентација
- Подготовка на презентација
- Ефикасно користење на алатките и техниките за презентација
- Реализација на презентација
|
Македонски Телекомуникации |
2006 |
Стратешка работилница за ИСМС во Македонска Банка |
Стратешка работилница за запознавање на раководниот тим на банката со план за континуитет на работењето и безбедност на информации |
Македонска Банка |
2006 |
Обука за Методологија за дизајнирање на проекти за МЕСА (Македонска асоцијација за е-општество) - UNDP поддршка за општинските центри на МЕСА |
Цел - да се зајакне програмата за развој на проектните капацитети на Членовите на МЕСА, што е клучен фактор за обезбедување на долгорочната самоодржливост, функционирање и ефикасност во подобрувањето на информатичката технологија во земјата. Тренингот треба да обезбеди Членовите на МЕСА да ги оценуваат локалните и националните потреби за ИТ развој кои ќе бидат идентификувани од Асоцијацијата и локалните Фондации, да ги идентификуваат потенцијалните проекти и да развијат концепт за проект. Со овој тренинг учесниците ќе се здобијат со знаење, вештина и алатки за развивање на проектни понуди. |
УНДП / МЕСА - Информациони центри во општините
|
2006 |
Тренинг за Теле - продажба |
Развој и реализација на тренинг за теле - продажба или продажба и маркетинг по телефон за Агентите од Контакт Центарот од Македонски Телекомуникации. Цели на тренингот - квалификации на агентите во Контакт Центарот за професионално остварување на нивните задачи во процесот на продажба преку телефон. |
Македонски Телекомуникации, Контакт центарот |
2005 |
BSI - 7799 тренинг |
Организација и реализација на BSI БС 7799 основен тренинг и тренинг за оценувачи (auditors). |
Учесници од ИКТ центри и државни служби |
2005 |
Тренинг за основни вештини на 988 оператори во МТ |
Eднодневен тренинг за јакнење на капацитетите и подобрување на основните вештини во комуникација на операторите на службата за информации 988. |
Македонски Телекомуникации |
2004 |
Kако да се учествува во EC FP5/6/7 |
Градење на капацитети за активно учество во EC FP преку:
- креирање на проектен предлог врз база на официјалната проектна методологија на ЕУ, со специфични водилки за рамковните програми на ЕУ
- креирање на ЕУ мрежа, основање на конзорциуми, партнерство
- вовед во правилата за учество
- критериумите за квалификација,
- приклучување во меѓународни конзорциуми.,
|
ГТЗ /
Министерства на РМ / Универзитети |
2003 |
ЦАФ Методологија |
Тренинг на тимови за планирање на проекти во општините и подобрување на плановите за акција за давање на услуги и инфраструктуирани проекти. Тренинг за воведување на ЦАФ методологија за самооценка на квалитетот на работење.
Корисници:Општините Сарај и Свети Николе |
ГТЗ/ Министерство за локална самоуправа / претставници на општини |
2003 |
ППП за градоначалници |
Низа на семенари и работилници за Јавно - приватно партнерство
Цел на проектот:
- Креирање на свест за можноста за вклучување на ППП во стратешките планови на општините.
- План за акција за воведување на ППП во општините
- Дизајнирање на специфични ППП проекти за претпријатијата.
Главни теми: ППП концепт, модели на ППП, процедури за реализација на ППП, анализа на промените од користење на ППП моделот во Р. М, идентификација на интересите за ППП.
Учесници: 100 Градоначалници, Менаџери на Јавни претпријатија и општински инспектори. |
ГТЗ/ ЗЕЛС |
2002 |
Вештини за барање работа за менаџери |
Тренингот беше организиран како работилница и беше развиен врз основа на претпоставката дека луѓето најдобро учат преку „правење“ со повратен ефект од нивните перформанси и интерактивни дијалози. |
British American Tobacco |
2003 |
Развој на тренинг модули за државни службеници - Управување со квалитет |
Развој, организирање и одржување обука за менаџерите од средно ниво во Јавната Администрација. Целокупната програма беше поделена на логички модули со специфични теми за секој модул. Т&П го реализираше модулот за управување со квалитет. На модулот му претходеше анализа на потребите за обука на учесниците. Базирано на овие потреби, модулот беше развиен. Како резултат на намерата за широка распространетост на развиените модули, развојот беше направен на таков начин што овозможи повторување на модулите од страна на различни обучувачи во сесиите што следеа.
Обуката беше извршена за период од 6-9 месеци, модул по модул. Процесот заврши со оценување на учесниците преку оценка на проектите кои тие ги направија а кои беа поврзани со имплементација на ново научените методи и алатки во секојдневното работење. |
DIFID / Агенција на државни службеници |
2003-2004 |
МT Обука за Договори за дефинирање на ниво на квалитет на услугите (SLA) |
Обука на раководниот тим на МТ со цел подигање на свеста за потребата од користење на договори за дефинирање на ниво на квалитет на услугите кои ги нудат |
Македонски Телекомуникации |
2002 |
Работилница за имплементација на Национална Стратегија за реализација на ИТ проекти и управување со квалитет |
Обука на државните службеници за употреба на Национална методологија за реализација на ИТ проекти и управување со квалитет. Методологијата е базирана на методологијата на PMI институтот. Главни теми на работилницата: како да се користи Методологија, животен циклус на ИТ проект, организација на проектен тим, контролна книга на проект, управување со проектната временска рамка.
Учесници: раководители на ИТ департмани и ИТ професионалци. |
Министерство за наука /
Раководители на ИТ центри и фирми |
1996 |