ИТ Владеење - Проекти |
Име на проект |
Краток опис |
Финансиер / Клиент |
Реализација |
ИТ Аудит во КБ Прво пензиско осигурување |
Опсегот на ИТ ревизијата е следен:
- Работните процеси поврзани со информатичките поставки
- Поврзаноста на системите за водење на задолжителниот пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд
- Усогласеноста на апликациите со важечката регулатива за заштита на податоците
- Резервна локација
- Безбедност на порталот и веб страната на Нарачателот (Пенетрациско тестирање преку користење на black box pentest методата)
Можностите за злоупотреба на информатичките поставки
и софтверски апликации |
КБ Прво пензиско осигурување |
ноември 2016 |
Консултантски услуги за нов Систем за ЕЗК |
Подготовка на техничка спецификација за новиот Систем за електронска картичка. Постигнати резултати:
- Анализа на тековниот систем за електронска здравствена картичка
- Подготовка на Cost-benefit анализа за новите опции
- Подготовка на техничка спецификација за новиот централизиран clous систем за потпишување
- Подготовка на тендерска документација
Поддршка во процесот на набавка |
Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија |
април- декември 2016 |
Консултантска поддршка за процесот за управување со иновации |
Цел на проектот: Поддржување на компанијата за финансирање од Фондот за иновации и технолошки развој - онлајн платформа за внатрешна навигација.
Реализирани проектни активности:
- Фасилитација на стратешка работилница за дефинирање на иновативни решенија и воспоставување на заедничко разбирање на проектниот тим
- Поддршка на проектниот менаџмент при започнување и затворање на проектот
- Поддршка при управување со проектот, следење и известување кон инвеститорот
- Анализа на законски и безбедносни елементи на платформата
- Имплементација на законски барања за приватност
- Оценка на влијанието на решението по приватноста
- Имплементација на концепти на приватност во дизајнот
Подготовка за понатамошна комерцијализација |
Фонд за иновации и технолошки развој / иДекс |
септември 2015 - септември 2015 |
Имплементација на систем за управување со безбедност на информации според ИСО27001:2013- иВоте |
Целта на овој проект е Имплементација на систем за управување со безбедност на информации според ИСО27001:2013.
Во рамките на овој проект беа реализирани следниве активности:
вовед во ИСО27001 обука, обука за оценка на ризици и интерна проверка, оценка на ризици, документирање на систем за управување со безбедност на информации, интерна проверка и подготовка за негова сертификација од страна на независно сертификационо тело. |
ИВоте |
мај - август 2015 |
Идентификација на стандарди и сертификации за квалитет во ИТ
(REG – Regional Economic Growth project) |
Проектните активности вклучија спроведување на две истражувања со цел идентификација на клучните стандарди и сертификати во ИТ индустријата кои имаат влијание на квалитетот на процесите и продуктивноста на компаниите од ИКТ секторот. Првото истражување беше спроведена преку интервјуа на целниот пазар (Обединетото кралство и Ирска, Скандинавските земји, Холандија, Германија, САД, Турција и Блискиот Исток). Второто истражување беше спроведено преку онлајн анкета во регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија). Земајќи ги предвид резултатите од истражувањата беа идентификувани недостатоците на сертификати и стандарди кај компаниите од регионот. Целта на ова истражување беше да се идентификуваат стандардите со кои компаниите од регионот би ја подобриле својата компетитивност на целниот пазар.
Активности: Идентификација на актуелни трендови на ИТ стандарди, модели и сертификациски шеми кои се препознаени и се бараат на целниот пазар преку интервјуа со претставници од релевантни организации. Подготовка на извештаи и анализа на податоците од спроведените интервјуа, придонес во изработка на двата проектни резултата Извештај од истражување на целниот пазат и Извештај од истражување на регионалниот пазар со препораки. |
USAID - Regional Economic Development |
март- мај 2014 |
Моделирање на бизнис процеси и надградба на СУБИ во АБ Софт |
Целта на овој проект е имплементација на интегриран менаџмент систем во компанијата земајќи ги предвид стандардите ИСО9001:2008 и ИСО27001:2013.
Активности: Проектен менаџмент, документирање на бизнис процес модел, документирање на систем со управување со квалитет; сеопфатна рамка на ИМС која се состои од ИСО9001 и ИСО27001; обука за интерен аудит, миграција на систем за управување со безбедност на информации на новиот ИСО27001:2013 и подготовка за негова сертификација од страна на независно сертификационо тело. |
AB Soft |
октомври 2014 - мај 2014 |
Идентификација на стандарди и сертификации за квалитет во ИТ
(REG – Regional Economic Growth project) |
Проектните активности вклучија спроведување на две истражувања со цел идентификација на клучните стандарди и сертификати во ИТ индустријата кои имаат влијание на квалитетот на процесите и продуктивноста на компаниите од ИКТ секторот. Првото истражување беше спроведена преку интервјуа на целниот пазар (Обединетото кралство и Ирска, Скандинавските земји, Холандија, Германија, САД, Турција и Блискиот Исток). Второто истражување беше спроведено преку онлајн анкета во регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија). Земајќи ги предвид резултатите од истражувањата беа идентификувани недостатоците на сертификати и стандарди кај компаниите од регионот. Целта на ова истражување беше да се идентификуваат стандардите со кои компаниите од регионот би ја подобриле својата компетитивност на целниот пазар.
Активности: Идентификација на актуелни трендови на ИТ стандарди, модели и сертификациски шеми кои се препознаени и се бараат на пазарот во Обиденетото Кралство и Ирска преку интервјуа со претставници од релевантни организации. Подготовка на извештаи и анализа на податоците од спроведените интервјуа, придонес во изработка на двата проектни резултата Извештај од истражување на целниот пазат и Извештај од истражување на регионалниот пазар со препораки. |
USAID - Regional Economic Development |
март- мај 2014 |
Одржување на Системот за управување со безбедност на информации во Општина Велес |
Активности: оценка на моменталната состојба, анализа на неусогласености, дефинирање на корективни и превентивни мерки за справување со неусогласености, ревизија на оценката на ризици и процедурата за управување со инциденти, спроведување на интерна проверка на системот за управување со безбедност на информации. |
Општина Велес |
мај 2014- мај 2015 |
Имплементација на интегриран систем за управување во е-Порт |
Дизајн и имплементација на сеопфатна рамка на Интегриран систем за управување составен од СУУ – ИСО 20000:2011 и СУКР – ИСО 22301:2012.
Активности: Развивање на рамка за интегриран систем за управување, документирање на системот, тренинг на проектниот тим, спроведување на интерна оцена, оценка на подготвеност за сертификација на воведениот интегриран систем. |
E-Port |
април- декември 2014 |
Имплементација на интегриран менаџмент систем во Орион Телеком |
Дизајн и имплементација на сеопфатна рамка за интегриран менаџмент систем кој се состои од систем за управување со квалиет базиран на ISO 9001, систем за управување со безбедност на информации базиран на ISO 27001, систем за управување со услуги базиран на ISO 20000 и систем за управување со континуитет на работењето базиран на ISO 22301:2012. Вклучени активности:
- Проектен менаџмент
- Оценка на подготвеноста за воспоставување на интегриран менаџмент систем,
- Развој на рамка за интегриран систем за управување,
- Моделирање на бизнис процеси, документација на системот,
- Обука на проектниот тим за документација и имплементација на системот,
- Внатрешна проверка и
- Проценка на подготвеноста за сертификација на спроведениот Интегриран менаџмент систем. |
Орион Телеком, Србија |
мај 2013- јуни 2014 |
Развој на методологија за ИТ ревизија за Opportunity Banka |
Целта на проектот беше да се развие методологија и прашалник за ИТ ревизија во согласност со постоечката внатрешна ревизија заснована на ризик.
Активности:
- Проценка на моменталната состојба на организацијата и контрола на безбедноста во целосниот ИТ,
- Анализа на моменталните рамка и практики за внатрешна ревизија,
- Развој на методологија за ИТ ревизија заснована на ризик,
- Развој на листи за проверка за ИТ ревизија,
- Преглед на проценка на оперативниот ризик,
- Обука за ИТ ревизија,
- Градење на свест за ИТ владеење. |
Opportunity Banka, Србија |
септември 2013 |
Имплементација на Интегриран менаџмент Систем во Орион телеком, Србија |
Генералната цел на проектот е имплементација на интегриран менаџмент систем во Орион телеком според следниве стандарди: ИСО 9001, ИСО 20000-1, ИСО 27001 и ИСО 22301.
Конкретните цели на проектот се:
• Спроведување на ГАП оценка на моменталната состојба во Орион телеком и оценка на усогласеноста со барањата на четирите ИСО стандарди
• Осмислување и имплементација на цврста и сеопфатна рамка за интегриран менаџмент систем која ќе ги опфаќа споменатите стандарди (рамка / прирачник, процесен модел, документиранни процеси и процедури, обучен кадар, имплементација на документираниот систем и контрола преку интерна проверка и преглед на раководството)
• Оценка на подготвеност за сертиификација на интегрираниот менаџмент систем базиран на споменатите ИСО стандарди од страна на надворешна сертификациска куќа |
Ко-финансиран од ЕБРД |
Мај 2013 - Април 2014 |
Имплементација на систем за управување со безбедност на информации во Тунилаб Тунис |
Целта на проектот е дизајн и имплементација на ефективен систем за управување со безбедност на информации базиран на интернационалниот стандард ИСО 27001 и подготовка на компанијата за сертификација од страна на трето независно правно лице. |
Фонд за поддршка на мали претпријатија, САД |
Септември - Декември 2013 |
Спроведување на оценка на законските, институционалните и бизнис процесите како и ИКТ состојбата во поглед на реформите во Бизнис регистарот во Косово |
Активностите вклучуваат:
Оценка на ИТ персоналот и организацијата, моменталната состојба на ИТ системот во поглед на оценка на безбедноста на физичките контроли, апликативните контроли, анти вируси, контроли за пристап и мрежа; Оценка на податоците во поглед на тоа како базата на податоци се одржува и како истата се користи и заштитува, оценка на оперативните процедури и контроли (вклучувајќи контроли за пристап, контроли за интегритет на податоците, аудит логови, бекап процедури, и контроли за континуитет на бизнисот и опоравување од катастрофи) |
Светска банка |
Јули - Ноември 2013 |
Развој на методологија за ИТ аудит за
Opportunity Bank, Србија |
Целта на проектот е да се развие методологија за ИТ аудит и аудит прашалник во линија со постоечката внатрешна контрола базирани на ризик
Активности:
• Оценка на моменталната состојба на организацијата и безбедносните контроли во целокупната ИТ инфраструктура
• Развој на Методологија за ИТ аудит базирана на ризик
• Развој на аудит прашалник за ИТ аудитот
• Преглед на Оперативната оценката на ризикот
• Менторство за ИТ аудит
• Градење на свесност за ИТ управување |
Opportunity Bank, Србија |
Септември - Октомври 2013 |
Имплементација на систем за безбедност на информации според ИСО 27001 во Централен регистар на Македонија |
Целта на проектот е воведување на систем за управување со безбедност на информации базиран на стандардот ИСО 27001 и подготовка за сертификација.
Активности:
- Оценка на моменталната состојба во ЦР во однос на барањата на стандардот ИСО 27001
- Изработка на акциски план за имплементација
- Изработка на документацијата за системот за безбедност на информации
- Обука на тимот во ЦР
- Имплементација на корективни мерки и подготовка за сертификација |
Централен регистар на Македонија |
Август 2012 - Мај 2013 |
Техничка помош во поддршка на Фондот за социјална помош на Република Јемен
- Фаза 3 |
Проектот ги вклучуваше следниве активности:
• Преглед на тренинзите за ИТ, дефинирање на потребите за тренинг и подготовка на ИТ тренинг програма за 2013-2014
• Поддршка за развој на хелп деск во ИТ одделот во главната канцеларија на SWF, вклучувајќи подготовка на техничка спецификација за хелп деск и подготовка на опис на работни места
• Анализа на активностите во ИТ одделот и подготовка на прирачник за ИТ одделот кој ги покрива процесите и политиките
• Анализа на моменталната ситуација во поглед на развој на СУИ и предлог чекори и пристап за понатамошен развој |
ЕУ |
Декември 2012 – Јануари 2013 |
Надворешна контрола на заштита за лични податоци во Некстсенс |
Целта на проектот е проверка на усогласеноста на документацијата за заштита на лични податоци со законските барања согласно законот за ЗЛП.
Активности:
- Проверка на документација (план, правилници)
- Преглед на збирките на лични податоци
- Разговор со овластени лица за обработка на лични податоци
- Преглед на технички и организациски мерки |
Некстсенс |
Декември 2012 |
Изработка на студија за политика за сигурност на ИТ системот на ФЗОМ |
Генералната цел на проектот е да се подготви Фондот за здравствено осигурување во Република Македонија за воведување на систем за управување со информациска сигурност.
Конкретни цели на проектот „ Изработка на студија за политика за сигурност на ИТ системот на ФЗОМ “се:
• Анализа на моменталната состојба на ФЗОМ во поглед на информациска сигурност
• Дефинирање на стратегија и акциски план за воведување на систем за управување со безбедност на информации според ИСО 27001:2005 стандардот
Проектни активности:
• Дефиниција на опсег на Систем за управување со информациска сигурност
• Изготвување на извештај од ГАП анализа и оценка на подготвеноста за воведување на ИСО 27001:2005
• Анализа на постоечката методологија за управување со ризик на ФЗОМ
• Документирање на Методологија за управување со ризици и соодветни обрасци
• Документирање на Акционен план за имплементација на Систем за управување со информациска сигурност
• Документирање на Прирачник за управување со информациска сигурност
• Спроведување на подготвителен тренинг за ФЗОМ проектниот тим потребен за запознавање со ИСО 27001 и оценка на ризици |
Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија |
2011-2012 |
Аудит на системите за управување со ИКТ и безбедност на информации во МИОА |
Проектни активности:
- Проценка на адекватноста на организациската структура и надлежности на Министерството за Информатичко Општество и Администрација (МИОА) од аспект на управување со ИКТ во контекст на ИСО 38500 ИТ Управување
- Проценка на практиките и воведените заштитни мерки за усогласеност со барањата од ИСО 27001 Управување со безбедност на информации
- Идентификација на областите на ИКТ на кои е потребно МИОА да обрне внимание со цел да ги усогласи со најдобрите пракси. |
Министерство за информатичко општество и администрација |
2011 |
Изработка на подзаконски акт на Законот за процена - методологија за проценка на ИТ |
Учество во тим од експерти ангажирани за изработка на Методологија за проценка на ИТ и соодветна програма за обука на идните проценители.
Вклучени активности:
- анализа на Законот за проценка
- анализа на светските добри пракси за проценка на ИТ
- анализа на другите методологии за проценка во Македонија
- дефинирање и опис на ИТ средствата
- изработка на методологијата аза проценка на ИТ
- дефинирање на план за обука на проценители за ИТ
- спроведување на јавна расправа за методологијата за проценка на ИТ
- подготовка на подзаконскиот акт за методологија за проценка на ИТ |
Carana, Проект за конкурентност на Македонија |
2011 |
Имплементација на Интегриран систем за управување во Алфа Дигитал |
Дизајнирање и имплементација на рамка за Интегриран систем за управување кој се состои од ИСО 9001, ИСО 27001, ИСО 20000 и ИСО 14001. Проектни активности: Проценка на подготвеноста за воведување на интегриран систем за управување, развој на рамка за интегриран систем за управување, моделирање на бизнис процес, документирање на систем, тренинг за проектниот тим за документирање и имплементација на системот, интерна проверка, и проценка на подготвеноста за сертификација на имплементираниот систем за интегрирано управување. |
Алфа Дигитал |
2011 |
Имплементација на Интегриран систем за управување во Хпро |
Дизајнирање и имплементација на рамка за Интегриран систем за управување кој се состои од ИСО 9001, ИСО 27001, ИСО 20000 и ИСО 14001. Проектни активности: Проценка на подготвеноста за воведување на интегриран систем за управување, развој на рамка за интегриран систем за управување, моделирање на бизнис процес, документирање на систем, тренинг за проектниот тим за документирање и имплементација на системот, интерна проверка, и проценка на подготвеноста за сертификација на имплементираниот систем за интегрирано управување. |
Хпро |
2011 |
Градење на капацитети за безбедност на информации во Србија |
Проектот ги вклучува следните активности:
• Анализа на водечките глобални сертификати за Безбедност на информации
• Истражување на моменталната состојба на ISS во избраните земји од Централна и Источна Европа и нивните стратегии
• Развивање на прашалник и критериуми за оценка на локалните понудувачи на услуги од областа на Безбедност на информации (тренинг центри, консултантски фирми, инструктори)
• Интервјурање на претходно избрани даватели на услуги од областа на безбедност на информации за да се отцени нивната подготвеност и соодветност за учество во програмата
• Подготовка на извештаи, во кои ќе бидат вклучени клучни препораки за: избор на давател на услуги забезбедност на информации, дизајн на програма за поддршка на тренинзи и сертификација на професионалци за безбедност на информации и поддршка на маркетинг и комуникации активности поврзани со промоција на програмата и подигање на општата свест за Безбедносни информации
• Очекувања за потенцијални корисници на грантот за сертификација за ISO 27001 кои се претходно селектирани (оценка на подготвеноста да се иплементира стандардот, човечки ресурси и финансиски капацитети и др. релевантни критериуми) |
USAID
Проект Србија/Буз-Ален & Хамилтон |
2010 |
КаСис - Имплементација на систем за управување со ИТ услуги според ИСО 20000:2005 |
Оценка за подготвеност за воведување на систем за управување со ИТ услуги според ИСО 20000:2005, развивање рамка и документирање на системот, тренинг за проектниот тим на КаСис за генералните барања на стандардот, тренинг за интерни оценувачи на систем за управување со ИТ услуги, оценка на подготвеност за сертификација на воведениот систем. |
КаСис |
2009 |
Cacttus Kosovo - Систем за управување со квалитет според ИСО 9001:2008 и систем за управување со безбедност на информации според ИСО 27001:2005 |
Оценка за подготвеност за воведување на интегриран систем кој опфаќа систем за управување со квалитет според ИСО 9001:2008 и систем за управување со безбедност на информации според ИСО 27001:2005, развивање на рамка за интегриран систем за управување, документирање на системот, тренинг за проектниот тим на Cacttus за соодветно документирање и имплементација на системот, тренинг за интерни оценувачи за оценка на интегрираниот систем за управување, оценка на подготвеност за сертификација на воведениот интегриран систем. |
БАС Косово - кофинансиер / Кактус Косово |
2009 |
Е-Катастар - ревизија и евалуација на проектот |
Ревизија и евалуација на проектот Е-Катастар: експертско мислење за обемот на функционалностите и имплементираните активности во проектот, ИТ проектен менаџмент, анализа на работните процеси и моделирањето на информациониот систем. Резултати од проектот:
- Извештај со наоди и препораки
- Листа на функционалности во договорениот опсег и реализирани функционалности
- Мислење за потребните активности за успешна имплементација
|
Swedesurvey AB |
2009 |
Оценка на подготвеност за воведување на ИСМС според ИСО 27001 во Hi-Tech (Фаза 1) |
"Business Case" и оценка на подготвеност за воведување на систем за безбедност на информации во Hi-Tech . |
IFC/Hi-Tech |
2007 |
Воведување на ИСМС според ИСО 27001:2005 во Hi-Tech (Фаза 2) |
Воведување на систем за управување со безбедност на информации според ИСО 27001. Оценка за подготвеност за воведување на систем за управување со безбедност на информации според ИСО 27001, развивање рамка и документирање на системот, тренинг за проектниот тим на Hi-tech за генералните барања на стандардот, тренинг за интерни оценувачи на систем за управување со безбедност на информации, оценка на подготвеност за сертификација на воведениот систем. |
IFC / Hi-Teach |
2007 - 2008 |
Воведување на ИСМС и ИТСМ во AML - Развој на капацитети за поддршка на процесот против перење на пари - Лот 1 |
Воведување на систем за управување со ИТ услуги базиран на ITIL и на аспекти од ИСО 20000:2005 и систем за управување со безбедност на информации базиран на ИСО 27001:2005. Цел на овој проект е обезбедување на поддршка за развој и консолидација на функционален и ефективен систем за спречување на перење на пари. Развој на ИС за Агенција за спречување перење пари на РМ – Министерство за Финансии од страна на конзорциумот ЕЦС,Сеавус и Т&П. Т&П го реализираше модулот за дефинирање на безбедносни политики и процедури и управување со ИT услуги. |
ЕАР / Министерство за финансии |
2006 - 2007 |
Ревизија и надградба на воведениот ИСМС и ИТСМ во АМЛ (АМЛ 2008) |
Надградба на резултатите од AML проектот преку оценка на имплементираните безбедносни мерки, оценка на усогласеноста со барањата на македонската законска регулатива, ревизија на постоечката документација (прирачник, политики и процедури), обука за управување со системот на вработените во ИТ одделот и тренинг за запознавање со системот за сите вработени. . |
Управа за спречување на перење пари и финансирање тероризам |
2008 |
Воведување на ИТСМ во Судскиот Совет на Косово (CMIS) |
Воведување на систем за управување со ИТ услуги базиран на ITIL и на аспекти од ИСО 20000:2005. Развој на стратегија на ИС на правосудство во Косово со цел финализација на интегриран систем за водење на случаите "CMIS – Case management IS".Трајковски Љубомир е Проект менаџер а Т&П е ангажиран во дефинирање на управување со ИТ сервиси |
УМНИК / ЕАР Косово |
2006 - 2007 |
Воведување на ИТСМ во Министерство за финансии |
Воведување на систем за управување со ИТ услуги базиран на ITIL и аспекти од ИСО 20000:2005. Проектот се фокусира на градење на капацитети на Министерство за финансии - со акцент на CFCU & NF. Т&П одговорен за дефинирање на модел на работење подржан со ИКТ и подготовка на ИКТ процедури и политики базирани на ITIL и ИСО 20000. |
ЕАР / Министерство за финансии |
2006 |
Воведување на ИСМС базиран на ИСО 27001 во МАРНЕТ |
Обуки за подигање на свест и изработка на документација за систем за управување со безбедност на информации според ИСО 27001 во МАРНЕТ. |
USAID / УКИМ |
2006 |
Воведување на ИСМС според ИСО 27001:2005 за Тетекс Кредитна банка |
Дефинирање, документирање и имплементирање на системот за управување со безбедност на информации според ИСО 27001:2005 во ТКБ. Креирање свест, оценка на ризици и подготовка ISMS документација (прирачник, политики, процедури, записи).. |
Тетекс Кредитна банка (ТТК банка) |
2006 |
Воведување на систем за управување со безбедност на информации според ИТ марк во ИНет |
Подготовка на “ИТ Марк“ декларацијата за безбедност на информации ниво 1 и 2 во ИНет. |
АППРМ - ваучер систем покрива 50% / ИНет |
2006 |
e-GOV безбедносни аспекти |
Организација на безбедност на информации во e-GOV проекти со предлог на основни функции и активности поврзани со безбедност |
УСАИД проект е-GOV |
2006 |
“Иницијатива за безбедност на информации” - Метаморфозис |
Проект “Иницијатива за безбедност на информации” - ангажиран Љубомир Трајковски како експерт за безбедност на информации |
Mетаморфозис |
2007 |
Физибилити студија за воведување на ИСО стандарди во Жито Вардар |
Физибилити студија за воведување на ISO стандарди и стандарди за безбедност на храна во Жито Вардаровиот Комплекс ја реализираше Конзорциумот "Предизвик" раководен од Михајло Коневски . Т&П го реализира сегментот за ИСО 17799 стандардот и обезбеди асистенција на проект менаџерот |
Жито Вардар |
2005 |
Модификација на деловните процеси (BPR) и имплементација на Систем за управување со квалитет базиран на ИСО 9001 |
Модификација на деловните процеси преку дефинирање на оптимален модел на бизнис процеси и подготовка за воведување на Систем за управување со квалитет базиран на ИСО 9001. Документирање на политиките и процедурите според ИСО 9001 стандардот. |
ЕуроНетком |
2005 |
Модификација на деловните процеси и воведување на ИСО 9001 во МБС |
Модификација на деловните процеси (Business Process Reengineering) преку дефинирање на оптимален модел на деловно работење во МБС и подготовка за имплементација на Систем за управување со квалитет базиран на ИСО 9001 стандардот. Документирање на политики и процедури во согласност со ИСО 9001 стандардот. |
МБС |
2004 |
Студија за развој на научните институти во Хрватска |
Тим на BPR - GLOCKOM направи Анализа на работење на научните институти во Р. Хрватска со реинжинеринг на работните процеси и предлог модел на нова организација на Руџер Бошковиќ–Загреб и Бродарски институт–Сплит преку:
- Анализа на тековна организација на истражувачко развојните институти
- Споредба со светските позитивни искуства
- Дефинирање на процесен модел
- План за имплементација на новиот организациски модел
- Препораки за тековно подобрување на работењето
|
Светска банка & Министерство за наука на Р.Хрватска |
2004 - 2005 |
SWEB |
Зголемување на ефикасноста на јавните сервиси преку користење на мобилни технологии со фокус на безбедноста на трансакциите. Т&П e технолошки партнер на Град Скопје и партнер во конзорциумот. |
EC FP6/ Град Скопје |
2006 -2008 |
ЕЛСА конференција - Обуки за безбедност на информации |
Трајковски & Партнери Консалтинг на конференцијата „Правни предизвици во сајбер просторот“ организирана од студентската организација ЕЛСА одржаа кратки обуки за безбедност на информации на тема:
- Дефинирање и објаснување на значењето на информациите и основни типови на информација
- Безбедност и Интернат безбедност
- Најчести закани за безбедноста на информациите
- Системи за безбедност на информации
- Стандарди и препораки за безбедност на информации
|
ЕЛСА |
2008 |
BSI Тренинг за управување со континуитет на работењето и безбедност на информации |
Тренинг за Системи за управување со континуитетот на работењето и управување со безбедност на информации организиран од BSI на Настанот „BSI Communication“ во Нови Сад |
BSI |
2007 |
Стратешка работилница за ИСМС во Македонска Банка |
Стратешка работилница за запознавање на раководниот тим на банката со план за континуитет на работењето и безбедност на информации |
Македонска банка |
2006 |
BSI - 7799 тренинг |
Организација и реализација на BSI БС 7799 основен тренинг и тренинг за оценувачи (auditors). |
Учесници од ИКТ центри и државни служби |
2005 |
МАСИТ - Запознавање со Систем за управување со ИКТ услуги |
МАСИТ - здружение на ИТ фирми организираше средба на која Т&П Консалтинг го презентираше концептот за Управување со ИТ услуги. Тренингот беше на тема - „Дали ИСО 20000 Управување со ИТ услуги е применлив кај нас“ |
МАСИТ |
2009 |
МT Обука за Договори за дефинирање на ниво на квалитет на услугите (SLA) |
Обука на раководниот тим на МТ со цел подигање на свеста за потребата од користење на договори за дефинирање на ниво на квалитет на услугите кои ги нудат |
Македонски Телекомуникации |
2002 |
ИТ стратегија за ПИОМ |
Во функција на реформа на пензискиот систем во РМ , направена е оценка на постојната состојба на ИС, Споредба со напредни светски системи за поддршка на пензиските фондови и предложен е Стратешки план за ИТ како поддршка на Стратешкиот план за реформа на ПИОМ. |
Светска банка / Влада на РМ |
2003 |
Развој на тренинг модули за државни службеници - Управување со квалитет |
Проектот беше финансиран од DFID и имаше за цел да развие, организира и одржи обука за менаџерите од средно ниво во Јавната Администрација. Целокупната програма беше поделена на логички модули со специфични теми за секој модул. Т&П го реализираше модулот за управување со квалитет. На модулот му претходеше анализа на потребите за обука на учесниците. Базирано на овие потреби, модулот беше развиен. Како резултат на намерата за широка распространетост на развиените модули, развојот беше направен на таков начин што овозможи повторување на модулите од страна на различни обучувачи во сесиите што следеа.
Обуката беше извршена за период од 6-9 месеци, модул по модул. Процесот заврши со оценување на учесниците преку оценка на проектите кои тие ги направија а кои беа поврзани со имплементација на ново научените методи и алатки во секојдневното работење. |
DIFID / Агенција на државни службеници |
2003-2004 |
Концепт и стратегија на ИС на Министерство за труд и социјална политика |
Анализа на тековно работење, модификација на деловните процеси (Business Process Reengineering), Концепт на ИС со модел на функции и податоци и план за имплементација на приоритетни проекти.
Реализација на информационен систем на Пазарна инспекција со акцент на електронско управување на документи сврзани со инспекциски надзор. |
Министерство за труд и социјала / Пазарна инспекција |
1997 |
Подготовка на Национална проектна методологија за развoј на информациони системи и обезбедување на квалитет |
Методологијата се препорачува за примена во реализација на ИТ проекти финансирани од буџет на РМ. Опишува животен циклус во реализација на ИТ проект по фази и сегменти, дефинира активности и резултати, дава шаблони за документацијата, дефинира контролна книга на проектот и има специјален дел за организација на проект и управување со квалитет.
Методологијата се базираше на проектната методологија на PMI институтот. |
Министерство за наука, сите владини и државни институции |
1996 |