Управување со енергија - Проекти |
Име на проект |
Краток опис |
Финансиер / Клиент |
Реализација |
Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Македонија - УНИДО
Имплементација на систем за управување со енергија во ЈКП Струмица |
Проектот има за цел да ги намали емисиите на гас во индустријата на Република Македонија преку поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата преку надминување на постоечките бариери, со зајакнување на политиката, регулаторните и институционалните рамки за индустриска енергетска ефикасност и поддржување на инвестиции во најдобрите практики и технологии.
Како дел од проектот, Викторија Саздова – Т&П консултант е избрана да учествува во програмата за градење на капацитетите за управување со енергија, а истовремено ќе работи на конкретна имплементација на систем за управување со енергија според ИСО 50001 во едно претпријатие - ЈКП Струмица.
Во процесот на имплементација, од консултантот се очекува да обезбеди експертиза за енергетска ефикасност, вештини, иксуство и техничка поддршка со цел да му се помогне на претпријатието во имплементацијата на систем за управување со енергија во согласност со ИСО 50001 и УНИДО методологиите.
Имплементацијата ќе биде спроведена под технички надзор од страна на меѓународни експерти за индустриска енергетска ефикасност на УНИДО кои ќе обезбедат соодветни насоки, ќе одржуваат повремени вебинари и конференциски повици со консултантот и со тимот за да го следат прогресот, да дискутираат и да ги обезбедат потребните инпути и експертски совети за спроведување на соодветни решенија при појава на проблеми.
Активности кои ќе се спроведат при имплементација на системот за управување со енергија се:
- Анализа на моменталната потрошувачка на енергија во претпријатието
- Развивање на енергетска политика
- Развивање на основна енергетска состојба
- Идентификација на значајни енергетски корисници
- Идентификација на можности за подобрување |
УНИДО
ЈКП Струмица |
јуни 2015 - јули 2016 |
Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Македонија - УНИДО
Имплементација на систем за управување со енергија во Макстил |
Проектот има за цел да ги намали емисиите на гас во индустријата на Република Македонија преку поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата преку надминување на постоечките бариери, со зајакнување на политиката, регулаторните и институционалните рамки за индустриска енергетска ефикасност и поддржување на инвестиции во најдобрите практики и технологии.
Како дел од проектот, Јасмина Трајковски – Т&П консултант е избрана да учествува во програмата за градење на капацитетите за управување со енергија, а истовремено ќе работи на конкретна имплементација на систем за управување со енергија според ИСО 50001 во едно претпријатие - Макстил.
Во процесот на имплементација, од консултантот се очекува да обезбеди експертиза за енергетска ефикасност, вештини, иксуство и техничка поддршка со цел да му се помогне на претпријатието во имплементацијата на систем за управување со енергија во согласност со ИСО 50001 и УНИДО методологиите.
Имплементацијата ќе биде спроведена под технички надзор од страна на меѓународни експерти за индустриска енергетска ефикасност на УНИДО кои ќе обезбедат соодветни насоки, ќе одржуваат повремени вебинари и конференциски повици со консултантот и со тимот за да го следат прогресот, да дискутираат и да ги обезбедат потребните инпути и експертски совети за спроведување на соодветни решенија при појава на проблеми.
Активности кои ќе се спроведат при имплементација на системот за управување со енергија се:
- Анализа на моменталната потрошувачка на енергија во претпријатието
- Развивање на енергетска политика
- Развивање на основна енергетска состојба
- Идентификација на значајни енергетски корисници
- Идентификација на можности за подобрување |
УНИДО
Макстил |
јуни 2015 - јули 2016 |
Воведување на Систем за управување со енергија според ИСО 50001 |
Дизајнирање и имплементирање на Систем за управување со енергија (СУЕ) според барањата од стандардот ИСО 50001:2011. Имплементацијата се одвиваше преку 8 работни средби на следниве теми:
- запознавање со СУЕ и дефинирање на методологијата на работа
- преглед на законските и други барања и дефинирање на енергетски профил на организацијата
- дефинирање на политика за управување со енергија, индикатори и поставување на референтни вредности за мерење на енергијата (energy baseline)
- дефинирање на процедури и процеси во организацијата поврзани со СУЕ
- финализација на процедурите и преглед на целокупната изработена документација
- обука на вработените
- внатрешна проверка на системот |
Меморијален центар на холокаустот на евреите од Македонија - МЦХЕМ |
февруари-јуни 201 |
Осмислување на 3-годишен проект за промоција на управување со енергија, градење на капацитетите на консултантите и организациите и поддршка при имплементација на системи за управување со енергија во различни индустрии базирани на ИСО 50001 |
Осмислување и подготовка на 3-годишан предлог проект за промоција на управување со енергија. Предлог проектот ги опфати следниве активности:
• Анализа на индустријата и селекција на компании за реализација на пилот проекти
• Проекти – подготовка и имплементација
• Градење на капацитетите за управување со енергија и енергетска ефикасност
• Односи со јавност, социјален маркетинг и комуникација
• Проектен менаџмент |
УСАИД / индустриски компании големи потрошувачи на енергија |
Септември – Октомври 2012 |
Работилница на тема: Како да одговориме на новата Европска директива за енергетска ефикасност на компаниите
Во соработка со Стопанска комора на Македонија |
Реализација на еднодневна работилница наменета за членките на Стопанска комора на Македонија. Работилницата опфати:
• Придобивки од систем за управување со енергија
• Преглед на тековните пракси и стандарди релевантни за воспоставување на Систем за управување со енергија |
Стопанска комора на Македонија / членки на Стопанска комора на Македонија |
Ноември 2012 |
Обука на тема Основи на систем за управување со енергија базиран на ИСО 50001
Во соработка со ЦеПроСАРД |
Семинарот ги опфати тековно модерните Системи за управување со енергија (сите видови). Значењето на темата и процесот за остварување на енергетските цели и барања кои се меѓународно прифатени налагаат заеднички глобален пристап и соодветен индивидуален (на ниво на организација и фирма) акциски план. Глобалниот пристап е дефиниран со ново објавениот меѓународен стандард ИСО 50001 Систем за управување со енергија. Во Македонија стандардот е прифатен во почетокот на 2012 под името МК ИСО 50001:2012.
Семинарот преку конкретни примери од примена на Системи за управување со енергија го презентира процесот, предусловите и постигнатите ефекти. |
Организации и фирми кои планираат тековниот систем за управување со потрошувачка на енергија да го унапредат според глобалните препораки и барања. |
Октомври 2012 |
Осмислување и објава на бела книга на тема: ИСО 50001 Систем за управување со енергија |
Подготовка на бела книга на тема ИСО 50001 Систем за управување со енергија. Документот дава краток осврт на стандардот ИСО 50001, како и анализа на самиот стандард и што тој значи за компанијата која ќе реши да имплементира систем базиран на овој станаррд. |
/ |
Октомври 2012 |