Home

Забелешките на клиентите се книги од коишто учиме
- Непознат автор
НАСЛОВНА ЗА НАС МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ T&П АКАДЕМИЈА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА ИТ УПРАВУВАЊЕ ПРОЕКТИ НОВОСТИ
menu

» Преглед на Т&П

» T&П LinkedIn

» Клучни консултанти

» IQISMS

» ЕУ финансирани проекти

» E-библиотека

» Фотогалерија


     ЗАБЕЛЕШКИ ОД КЛИЕНТИ


Упатство за поднесување забелешки

Т&П Консалтинг настојува да обезбеди задоволителна, брза и љубезна услуга во секое време. Меѓутоа, ние сме свесни дека и покрај соодветните стандарди и процедури може да постојат прилики кога нема задоволително да одговориме на соодветните предизвици. Затоа, ние имаме формална процедура за забелешки, со цел да бидеме сигурни дека истите се третираат на брз, учтив и професионален начин како и дека придонесуваат за понатамошно подобрување на нашите услуги.

Што е забелешка?

Забелешка претставува јасно изразување на незадоволството на клиентот за било кој аспект од услугите на Т&П консалтинг. Доверливоста ќе биде секогаш запазена при забелешките, но не можеме да одговориме на анонимни забелешки.

Како да бидам сигурен дека мојата забелешка е земена во предвид?

Фаза 1. Идеално, проблемот треба да биде разрешен локално преку разговор со   клиентот, вработениот кој директно е вклучен и менаџерот.

Фаза 2. Онаму кадешто проблемот не може да биде решен на локално ниво, се применува формална процедура за забелешки. Забелешката доаѓа до управителот на Т&П преку неколку извори:

  • Лично
  • Писмо или е-mail
  • Телефон

Доколку забелешката е направена лично, преку писмо или e-mail, го охрабруваме клиентот да пополни форма за забелешки или ние ќе ја пополниме наместо него. На сличен начин, доколку забелешката е дадена преку телефон, вработениот кој го води телефонскиот разговор ќе ја запише забелешката. Овие забелешки треба да бидат препратени преку info@tpconsulting.com.mk од оној кој ги праќа до менаџерот за квалитет и безбедност на информации кој е директно одговорен за забелешките. Управителот на Т&П консалтинг се известува навреме за секој забелешка и зема активна улога во разрешување на забелешката.
На вашите забелешки ќе одговориме следниот работен ден

Во случај разрешувањето на забелешката да води кон незадоволство на било која од вклучените страни, постои опција истата да биде судски разрешена, доколку предметот на забелешка е во надлежност на  судот во Скопје.



Copyright © Трајковски & Партнери Менаџмент Консалтинг | Политика за приватност